Честитка од премиерот Ковачевски по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Димитар Ковачевски упати честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Ковачевски потенцираше дека со огромниот придонес и промовирање на принципите на толеранција, доверба и почитување, Влашката заедница активно придонесува во изградбата на државата како едно општество за сите. – Оддаваме должна почит и огромно признание за целосната поддршка во негувањето и …

Continue Reading

Лазареска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме да размислат и конечно да одговараат дали ќе се приклучат на европскиот блок

Нема посоодветно место од овде, од македонското Собрание да ги посочиме придобивките за граѓаните од стратешките одлуки кои мнозинството пратеници ги донесе. Успеавме да го унапредиме македонскиот јазик и дома но и во Европската унија. Потпишавме Договор за ФРОНТЕКС на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, со што го издигнавме на ниво на јазиците на ЕУ. Фронтекст е прв …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Кралот на Белгијците Филип

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгијците, Филип. Претседателот Пендаровски и кралот Филип изразија задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство, основани на меѓусебна почит и разбирање. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи беше нагласен интересот …

Continue Reading

Груби упати честитка по повод Националниот ден на Власите

Денешниот ден е потсетување и израз на благодарност за вашиот круцијален придонес за демократската консолидација и развој на нашата земја врз вредностите на мирот и еднаквоста, наведува првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во честитката по повод 23 мај – Националниот ден на Власите. Честитајќи им го празникот на припадниците на влашката заедница, …

Continue Reading

Шукова: Време е да се реши статусот на неформалните собирачи на отпад

Владата нема да отстапи од изнаоѓање финално решение за неформалните собирачи на отпад. Ова се група граѓани кои имаат права како и сите други во државата. Време е нивното прашање да се реши и тие да го добијат статусот што го заслужуваат, рече денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Како што истакна Шукова, имало обиди во …

Continue Reading

Лога-Маленица во Шибеник: Хрватска преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес и реформите во нашата држава

Зајакнувањето на билатералната соработка со Република Хрватска во делот на правосудството, како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права“, беа главните теми на кои во Шибеник разговараа министерот за правда Кренар Лога и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица. На средбата, информираат од Министерството за правда, се …

Continue Reading

МТСП: Погрешен е пристапот за добивање на ситни политички поени на грбот на децата

Остро го дематираме и отфрламе написот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски дека вработени во министерството за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството за донесување на незаконски одлуки за одземање на ингеренциите ЈОУГД „Детска радост“ – Гази Баба. Ниту еден вработен во Министерството за труд и социјална политика кој е поврзан со инспекциски надзор, …

Continue Reading

Пендаровски – Де Кро: Белгија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и политиката на проширување на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, имаше средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа, соопшти кабинетот на шефот на државата. Претседателот …

Continue Reading

Пендаровски во Брисел на средби со премиерот Де Кро и кралот Филип

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Белгија денеска во Брисел ќе има средби со премиерот Александар Де Кро и со кралот Филип. Посетата ќе ја заокружи со посета на на белгискиот Сенат каде ќе се сретне со претседателката Стефани Д‘Ос, а претходно ќе има средба и со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент Елијан Тилјие. Пендаровски …

Continue Reading