Кузеска: Мицкоски молчи за ЕУ, а неговите коалициски партнери се за Русија

Во период кога се потребни структурни реформи за да се заокружи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски како по обичај стои на страна и продолжува со својата пракса на избегнување одговорност за носење одлуки. Дали причина за тоа е што половина од неговите коалициски партнери се проруски ориентирани? Димитар Апасиев и Левица отворено се залагаат за Русија и против ЕУ …

Continue Reading

Битиќи во компанијата КИМ: Со финансиската помош на Владата го поттикнуваме растот на компаниите

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посетија прехранбената компанија „КИМ“ од Неготино која слави 25 години успешно работење, соопшти владината прес-служба. Вицепремиерот Битиќи при посетата истакна дека се работи за компанија формирана од 100 % домашен капитал …

Continue Reading

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Словенија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна работна посета на Љубљана, каде што ќе оствари билатерални средби со државниот секретар за европски прашања, меѓународно право и заштита на интереси при Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Марко Штуцин, со државниот секретар за меѓународни прашања при словенечката Влада Војко Волк и …

Continue Reading

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска и утре ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во Тиват, Црна Гора, соопшти МФ. Во рамки на состанокот, министерот Бесими ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики? …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе се обрати денеска на пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин. Како што соопштија од владината прес -служба, на настанот обраќања ќе имаат и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Continue Reading

Министерот Спасовски во посета на Одделот на воздухопловни единици

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР денеска ќего посетат Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово. Како што најави МВР, министерот Спасовски ќе има состанок со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следи разгледување на воздухопловите со опрема поставени на платото пред хеликоптерските хангари.

Continue Reading

Шефот на дипломатијата и претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Србија

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на Белград. Како што соопшти МНР, Османи, денеска, во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, …

Continue Reading

СДСМ: Паралелната прослава на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку лажни се повиците од Мицкоски за единство

Денеска македонската држава на достоинствен начин ги чествуваше Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, нивното дело, вредности и наследство. Само ВМРО-ДПМНЕ иако беше поканета не учествуваше во државното одбележување. На овој голем ден, не само што ВМРО-ДПМНЕ ја игнорираше поканата и државното одбележување, туку си направија паралелна, партиска. Ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат чувство …

Continue Reading

Џафери и Желјазков положија венци на плочите на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”

Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево  положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Џафери овој чин го направи истовремено со неговиот бугарски колега, претседателот на Парламентот во Софија Росен Желјазков. – Во рамките на чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј ги поминавме сите процедури што според протоколот …

Continue Reading