Маричиќ: По уставните измени патот кон ЕУ е отворен, блокади веќе не очекуваме

– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека може да се стигне со уставните измени до ноември месец, доколку сите партии и сите пратеници ја сфаќаат својата одговорна улога во овој период. – Знаеме дека процедурата во собранието трае од прилика три до четири месеци, сосема доволно да се издискутираат и да се усвојат овие …

Continue Reading

Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да му пркоси на времето

Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“. Посетата ја искористи и за средба со новиот претседател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака успешен мандат и реализација на …

Continue Reading

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме …

Continue Reading

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица

Пред нас имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат. Од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Мицкоски и  ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски би го поддржал Меџити за укинување на организациските директори

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека би го поддржал на владина седница предлогот на министерот за здравство Фатмир Меџити за укинување на економските директори. – Апсолутно. Јас сметам дека е неиздржано на еден километар квадратен да има 60 директори, 60 заменици директори и 60 управни одбори. Тоа никаде во светот го нема, нагласи Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање. Министерот за …

Continue Reading

СДСМ: Отворен е патот за побрза и поевтина градба на коридорите, најголемиот стратешки проект вреден 1.3 милијарди евра

Собранието на Република Северна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д. Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме …

Continue Reading

СДСМ: Наместо да бега од одговор, Мицкоски да каже што одлучи, ЕУ блок или Левица?

Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност. Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок. Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови …

Continue Reading

ДУИ го поздравува усвојувањето на законите за коридорите

Демократската унија за интеграција ја поздравува денешната одлука на Собранието да ги усвои законите кои го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д, најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата. Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се …

Continue Reading

Шаќири во посета на СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе го посети СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга, по повод почеток на полагањето на државната матура во учебната 2022-2023 година. Од Државниот испитен центар информираа дека оваа учебна година за државната матура се пријавиле 15 620 ученици. Од нив 6 750 од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 …

Continue Reading