Османи: Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството

– Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на Европската Унија во тој дел, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Прашан за ставот на американскиот Стејт департмент за политичко мешање во правосудството, Османи нагласи дека уште еднаш, прашањето на отворање на поглавја станува …

Continue Reading

Османи го претстави Планот за деескалација на состојбите на Северот од Косово како и натамошна нормализација на односите меѓу Косово и Србија

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на тематска прес-конференција го претстави Планот за деескалација на состојбите на Северот од Косово како и натамошна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, во време кога Република Северна Македонија е претседавач со ОБСЕ. Се работи за патоказ во девет точки. Планот, нагласи Османи, е доставен до мисиите на ОБСЕ во Приштина и …

Continue Reading

Османи: Ако не ги решиме уставните измени, влегуваме во групата на земји со отворени прашања

– Противниците на уставните измени се всушност поддржувачи на идеите на бугарските радикали дека европската перспектива на државата треба да се сведе на билатерални односи со Република Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Уставните измени, според Османи, се факторот што ќе утврди во која група ќе припаѓаме и затоа, како што рече, одговорноста на секој пратеник е толку голема. …

Continue Reading

Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ со ЕУ

– Во Брисел беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“. Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија, информираат од МИОА. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја …

Continue Reading

Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ СДСМ како одговорна, државотворна партија, постојано е меѓу граѓаните, таму каде што и е местото. Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници. Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот …

Continue Reading

Бесими: Граѓанската обврзница е меѓу најповолните финансиски производи и безризична инвестиција

– Прва причина за да граѓаните инвестираат во граѓанската обврзница е поволната каматна стапка, втора причина е сигурноста на инвестицијата. Но, исто така, со граѓанската обврзница се проширува инвестициското портфолио преку развиен пазар на капитал, што е трета причина за инвестирање, борбата со сивата економија – која е четврта причина и инвестирање во подобро утре, во економски раст и развој, …

Continue Reading

СДСМ: За четири години со „Мој ДДВ“ вратени 107,5 милиони евра кај граѓаните

Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра. Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник. Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 …

Continue Reading

ДУИ одржува внатрепартиски избори

 – Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“. – По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес (петок, 30 јуни), во недела го повикуваме членството на Демократската унија …

Continue Reading

Николовски – Ку Донекју: Со поддршка на ФАО успешно го водиме процесот на консолидација и сме лидери во регионот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од денеска во Рим учествува на 43-та Конференција на ФАО, како највисоко управувачко тело на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, на која  учествуваат околу 100 министри за земјоделство од целиот свет кои ќе дискутираат за моменталната состојба со обезбедноста со храна во услови на криза. Николовски во рамки на конференцијата …

Continue Reading