Започна билатералниот скрининг состанок за „Животна средина и климатски промени”

Во Брисел денеска започна петдневниот билатерален скрининг за Поглавје 27 „Животна средина и климатски промени“, дел од Кластер 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Како што соопшти СЕП, состанокот беше отворен со воведното излагање на заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, која рече дека нѐ очекуваат комплексни реформи за кои како и до сега ќе имаме поддршка …

Continue Reading

Тренчевска: Соработката со општините е клучна, инвестираме во проекти од кои придобивка имаат граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод денеска потпишаа договори за соработка и за групна набавка, известуваат од МТСП. Потпишаните договори за соработка и за групна набавка меѓу Тренчевска и градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, се однесуваат за изведување на градежни работи за реконструкција со пренамена на детска …

Continue Reading

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локални самоуправи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информираше дека по објавениот Оглас за распределба на капитални дотации во областа на културата, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, доделени се средства за девет проекти за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари. Како што соопшти Министерството за култура, министерката посочила дека Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина …

Continue Reading

Компаниите во Скопскиот регион поддржани со 1,2 милијарда денари за инвестиции

Само во Скопскиот регион, Владата има исплатено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за 181 компанија преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на компанијата „Нехо Исни“ од Скопје. Откако ги обиколи капацитетите за производство на сладолед со што „Нехо Исни“ се занимава од 2012 година …

Continue Reading

Битиќи за неделава најави детали околу арбитражните постапки кои државата може да ја чинат над милијарда евра

Во јавноста веќе треба јасно да се каже зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој за оваа недела најави средба со медиумите на која, како што истакна, детално ќе биде објаснето …

Continue Reading

Тренчевска на средба со Сојузот на извидници

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска имаше средба со средба со Сојузот на извидници. Средбата беше во пресрет на активностите кои министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето …

Continue Reading

Битиќи: ЕВН Хоум на 1 декември треба да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите

ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. -Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои …

Continue Reading

Битиќи: Не знам од каде се излезени 14-те отсто, разговорите со синдикатите продолжуваат

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Тој денеска уште еднаш повтори дека решението мора да биде системско и одржливо, не само во корист на вработените во јавниот сектор, туку и во полза на граѓаните кои добиваат јавни услуги. Потврди и дека разговорите со синдикалците …

Continue Reading

Реакција на СДСМ изјава на Христијан Мицкоски

Наместо да побара одговорност Мицкоски го брани криминалот на ДМНЕ во Скопје 2014 Денеска целата македонска јавност сведочи дека Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност за сите инволвирани во случајот Феникс застана во одбрана на криминалите на ДПМНЕ. Случајот и истрагара за Феникс, отворени од надлежно обвинителство, е само дел од ултра криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014. На грбот …

Continue Reading