Ковачевски: Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од договореното ќе ги разочара граѓаните и меѓународната заедница

Сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени …

Continue Reading

Таравари: Условот на ВМРО-ДПМНЕ е во спротивност со преговарачката рамка

Условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ, оцени денеска лидерот на политичката партија Алијанса за албанците (АА) Арбен Таравари. Според него, измените на Уставот треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција. Конечниот став на АА, нагласи Таравари, ќе биде познат до …

Continue Reading

Средба на претседателот Пендаровски со почесниот конзул Зоран Ќосески

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Северна Македонија во Австралија. На средбата, соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за македонско-австралиските релации кои се карактеризираат со позитивна динамика од нивното воспоставување и добри релации кои се развиваат преку соработката на нашите институции и македонската заедница која е присутна во Австралија повеќе децении. …

Continue Reading

Џафери: Парламентите имаат клучна улога во остварувањето на човековите права на национално ниво

Парламентите имаат клучна улога во остварувањето на човековите права на национално ниво. Преку своите законодавни, надзорни и буџетски овластувања, тие треба да обезбедат заштита и унапредување на човековите права за сите. Со својата контролна улога врз спроведувањето на владините политики, парламентите обезбедуваат усогласеност со преземените меѓународни обврски, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на настанот на тема „Придонесот на …

Continue Reading

Груби: Верувам дека кон крајот на јули ќе ја започнеме собраниската постапка за уставни измени

Правиме напори да ги започнеме уставните измени и верувам дека ќе ја започнеме постапката во Собранието кон крајот на јули, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за „Студио 10“ на телевизија 24. – Во Собранието има 120 пратеници, не 80. Сметам дека сите тие, со исклучок на двајца пратеници, се за интегрирање …

Continue Reading

Министерката Тренчевска учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Женева, Швајцарија учествува на 111-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија. Како што информираат од МТСП, секоја година во јуни, оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји-членки на Организацијата. Делегацијата на Република Северна …

Continue Reading

Касами: Беса нема да влезе во евентуалната широка влада

Лидерот на Беса, Биљал Касами најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада. На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава вели дека неговата партија би влегла во Влада, дури по следните парламентарни избори. – Не. …

Continue Reading

Колева: Кавадарци ќе добие дом за стари лица и дневен регионален центар за лица со попреченост

До крајот на оваа година имаме два капитални проекти што ќе започнат да се градат во Кавадарци – дневен регионален  центар за лица со попреченост и дом за стари лица. Ова попладнево го најави пратеничката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Даниела Колева на трибина на партијата, насловена „Континуирана грижа за вас“, во организација на партиската Комисија за труд …

Continue Reading

Тренчевска: Грижа за граѓаните, заштита, поддршка во секој период во животот е приоритет на Владата

Грижата за граѓаните, заштитата, поддршката во секој период во животот, но и при секој предизвик, е приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибина на СДСМ во Кавадарци,  на тема  „Континуирана грижа за вас“, во организација на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. – По …

Continue Reading