Шаќири: ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери

Министерот за образование и наука и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД. -Ова прашање не е од сферата на образованието. …

Continue Reading

Грковска: Пораките од меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера за персона нон грата го прогласија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради неговата вмешаност во значителна корупција. -Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна …

Continue Reading

Француските пратеници на средба со пратениците Адеми, Николоски и Коциќ

Делегацијата на Пратеничката група за пријателство при Собранието на Француската Република, предводена од Лилиана Танги, која престојува во тридневна посета во земјава оствари заедничка средба со претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, како и со Ненад Коциќ, прв потпретседател на Секцијата на Франкофонијата на Собранието на Република Северна Македонија. …

Continue Reading

Средба на потпретседателот Мисоски со делегација од француското Национално Собрание

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски оствари средба со Делегација Групата за пријателство од Националното собрание на Француската Република предводена од пратеничката Лилијана Танги, претседателка на групата. Во делегацијата се и г. Бертран Сор, заменик претседател, г. Артур Делапорт, г. Винсен Сетлинже, г-ѓата Марин Амеле, придружувани од Н.Е. г. Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија. На средбата …

Continue Reading

Спасовски: Заедничка посветеност во спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Букурешт учествуваше на 23. Состанок на Комитетот на министри во рамки на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, со која претседава МВР на Република Романија, на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“. Истакнувајќи ги актуелните воени и политичко – безбедносни кризи на Блискиот …

Continue Reading

МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на овие субвенции можат да бидат земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, …

Continue Reading

МИОА ќе одржи средба за втората фаза за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе одржи средба за втората фаза за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ). Целта на Предлог законот е усогласување на националната правна рамка со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија и меѓународните стандарди во поглед на променетата реалност на медиумскиот пазар, како и …

Continue Reading

МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците

По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја. Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека тоа е симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет. -Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност, додава Османи во објавата на Фејсбук. 

Continue Reading

СДСМ: „Рамо до рамо до победа“ во Битола, Сарај, Шуто Оризари, Велес и Прилеп

20 јуни 2023  Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска беше меѓу граѓаните на Битола. Лукаревска пред присутните порача дека државата сега има историска шанса да заокружи уште една стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ и ги повика сите политички субјекти на одлучност и …

Continue Reading