Битиќи: Рекордна просечна плата од 34.925 денари, во наредните месец дополнителен раст за 10-20 отсто

Просечната исплатена нето плата по вработен во Република  Македонија според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари, пишува на фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022, посочува Битиќи, е 112,4 и …

Continue Reading

Меџити на настан за унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко

Министерот за здравство Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од неговите колеги од Украина и Полска, Виктор Лиашко и Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко, информираат денеска од Министерството. – Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка соработка, меѓусебно споделување знаења и размена на …

Continue Reading

Османи: Потребна е стратешка решеност за забрзана интеграција на регионот во ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан во рамки на Советот за надворешни работи, со кој заседаваше високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, …

Continue Reading

Собраниска делегација на дводневна студиска посета на Стокхолм

Во рамките на соработката за демократски развој, која веќе трета година се одвива меѓу Собранието на Република  Македонија  и шведскиот Риксдаг, делегацијата во состав Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Мартин Костовски, Александар Велјановски, Гордана Силјановска Давкова, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска Ванчева и Здравко Трајанов престојуваат во дводневна студиска посета на Стокхолм денеска и утре, информираат од …

Continue Reading

Пендаровски: Белгија е важен политички и економски партнер на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Кралството Белгија, денеска се обрати во Трговската и индустриска комора Антверпен – Васланд (VOKA), каде што беше одржана презентација на економските потенцијали и инвестициските можности во  Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека Белгија е важен политички и економски партнер на Македонија и е една од првите држави која ги согледа можностите за …

Continue Reading

Спасовски: Нема отстапки за никој што се занимава со криминал, без оглед дали е во роднинска врска со носители на функција

Секој кој се занимава со криминал мора да сноси одговорност, без оглед дали е во роднинска врска со носители на функции, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во вестите на Канал 5, одговарајќи на прашање за приведувањето на син на пратеник и на висок полициски службеник, а во врска со недозволена трговија со дрога и оружје. – …

Continue Reading

Измените на Законот за експропријација го поминаа филтерот на Комисијата за европски прашања

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања дадоа поддршка за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка, кој е дел од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д. Во рамки на комисиската седница беа одбиени трите амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на овој Предлог-закон. По поминатиот комисиски филтер, Комисијата за европски …

Continue Reading

Меѓусебни обвинувања и во текот на расправата по предлог-измените на Законот за градење

Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата денеска повторно ги спротивставија ставовите околу предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д. Расправата и овојпат се сведе на обвинувања – кој работи „за“, а кој „против“ граѓаните и државата, кој се грижи за националниот интерес, а кој собира дневно-политички поени. Според ВМРО-ДПМНЕ, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, …

Continue Reading

Ковачевски на средба со студенти од Харвард и МИТ: Македонија е кредибилен партнер на НАТО и ЕУ со огромни потенцијали за младите

Промоција на демократските вредности, различните култури и потенцијали на Северна Македонија, размена на искуства и можност за заеднички проекти беше темата на која денеска премиерот Димитар Ковачевски дискутираше со магистранти и докторанти на универзитетите Харвард и Масачусетс Институтот за технологија во САД. На средбата, како што соопшти прес-службата на Владата, присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања …

Continue Reading