Честитка од министерот Шаќири по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

– Министерот за образование и наука Јетон Шаќири по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија кои го почитуваат и празнуваат нивниот лик и дело. -Светите браќа имале непроценливо влијание врз описменувањето на словенските народи и со тоа придонеле за нивно културно и духовно просветлување …

Continue Reading

Џафери му подари на папата Франциск графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“

– Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск. Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска. Автрот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска …

Continue Reading

Џафери на аудиенција кај Папата Франциск изразил надеж дека Македонија што поскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ

– Претседателот на Собранието Талат Џафери на аудиенцијата кај Папата Франциск во Ватикан изрази надеж дека Северна Македонија што поскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ, бидејќи, како што посочи, одолговлекувањето на процесот предизвикува евроскептицизам. -Во однос на членството во ЕУ моментално кај нас се одвива скрининг процесот и ни претстојат уставни измени за кои мора да обезбедиме двотретинско мнозинство. За …

Continue Reading

Видео честитка од Ахмети по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати видео честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј до македонскиот народ. -Почитувани мои сограѓани, нека е честит Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ – нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото …

Continue Reading

Честитка од министерот Спасовски по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

 – Министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски во свое и во име на МВР упати честитка по повод државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, мисионерите на христијанството помеѓу Словените, почитувани како светци еднакви со Апостолите, а во поново време и патрони на Европа. Како што подвлекува во честитката министерот Спасовски, 24 Мај не …

Continue Reading

Честитка од МД „Илинден“ по повод Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

 – По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се. -Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, …

Continue Reading

Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” е еден од столбовите на македонската државност и продолжувач на мисијата на светите браќа

– Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во името на Владата и во свое име, упати телеграма со честитки во чест на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, до ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, до деканите, продеканите, професорите, сенаторите и до студентите. …

Continue Reading

Честитка од претседателот на Собранието Џафери за Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј

– Од име Собранието на Република Северна Македонија и лично, претседателот Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. – Капиталното дело на светите браќа Кирил и Методиј е бесценето наследство за светската наука и култура. Оваа порака која ја испраќам од Светата Столица, каде што ја предводам државно-црковната делегација на Република …

Continue Reading

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

– Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.  Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално делегацијата денеска …

Continue Reading