„Ромалитико“: Формирање работна група во Владата, усвојување на потребните измени за пристап до лична карта

Мемет Камбер за жал не е прва жртва на системот. Покрај него постојат идруги примери на лица кои го загубиле својот живот или се соочиле со сериозни потешкотии во процесот на добивање здравствена заштита. Моментално имаме околу1000 без документи кои под закана да ја имаат истата судбина како Мемет. Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел …

Continue Reading

МЖСПП почна постапката за донесување на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање почна постапка за донесување нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата. Донесувањето на Законот, како што соопштија денеска од ресорното Министерство, произлегло од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република …

Continue Reading

Џафери ќе учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО

Во организација на Сејмот на Литванија, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, кој се одржува од 2 до 3 јуни 2023 година во Вилнус. Како што информира собарниската Прес-служба, во состав на делегацијата се пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми. На овој настан ќе учествуваат претседателите …

Continue Reading

Груби: Законите за коридорите нема да паднат на Уставен, координирани се надлежните служби од Владата и министерства за спорните 60 работни часа

Законите за коридорите нема да паднат на Уставен суд, консултирани се сите надлежни служби во однос на 60-те работни часови за работниците, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во Тетово, одговорајќи на новинарски прашања. Тој нагласи дека законското решение им овозможува на работниците со претходна писмена согласност да работата прекувремено …

Continue Reading

Мицкоски:Канализациона мрежа во Конче од 21 милион денари, и ново детско игралиште со партерно уредува во вредност од 4 милиони денари

Почитувани, Денеска сме овде во Конче заедно со градоначалникот Златко и останатите кои што се дел од тимот кои што навистина даваа над човечки напори за да можеме да сите овие проекти кои што биле дел, или се некако поврзани со изборната програма која што беше презентирана за време на кампањата во 2021 година да бидат реализирани. Ова што го …

Continue Reading

Заврши комисиската расправа за избор на Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители

Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Во рамки на денешната седница заврши расправата за првата кандидатка Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд – Скопје. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка за изборот, а нејзините пратеници …

Continue Reading

Меџити: Случајот со Мемет Камбер не е пријавен во Министерството за здравство

Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој на денешна прес-конференција во клиниката ТОУРАЛЕЦ запрашан за случајот со детето Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај. – Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега …

Continue Reading

Бесими: Системски ќе се реши зголемувањето на платите

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска уште еднаш рече дека сите разговори за платите се водат во насока на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор. Тоа, во иднина, рече Бесими, ќе биде решение не само за вработените, туку и за функционерите. За зголемувањето на платите на функционерите, пак, напомена Бесими, секоја институција поединечно постапува. Министерствата …

Continue Reading

Грковска се сретна со претставници на НКЕУ-МК

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа средба со универзитетските професори Милева Ѓуровска, Марина Митревска и Драган Тевдовски, како претставници на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). Како што соопшти владината прес-служба, НКЕУ-МК е демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската Унија. – …

Continue Reading