Заврши комисиската расправа за избор на Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители


rasprava-javni-obviniteli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на чиј дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Во рамки на денешната седница заврши расправата за првата кандидатка Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд – Скопје.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка за изборот, а нејзините пратеници и денеска продолжија со долги дебати и говори, како и при изборот на уставни судии. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Жупаноска да ја повлече кандидатурата, бидејќи, според нив, не ги исполнува условите за член на Советот на јавните обвинители.


Кандидати за членови на Советот на јавните обвинители, покрај Жупаноска, се и Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK