Спасовски: Приклучување на Западен Балкан во ЕУ за заокружување на стабилноста на европскиот континент

Миграциите се европски предизвик за кој е потребен европски одговор, преку заедничка политика, соработка и координација, а стабилноста на европскиот континент може да се заокружи само со приклучување на Западниот Балкан во Европската унија, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сесијата „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“, во рамки на третиот Преспа …

Continue Reading

Бесими: Продолжува поддршката на стопанството со поволни средства од ЕИБ, усвоен законот во Собранието за кредитна линија од 100 милиони евра

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата на РС Македонија наменети за малите и средни претпријатија за надминување на предизвиците кои произлегуваат од енергетската и економска криза. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за Договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии. -Со овие средства се излегува во пресрет на бизнис …

Continue Reading

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МАРРИ и Регионалната антикорипциска иницијатива

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на Преспа Форумот за дијалог што се одржува во Струга потпиша Меморандум за разбирање, во име на Претседателството на земјава со Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) и со Регионалната антикорипциска иницијатива (РАИ). Воедно, Спасовски оствари билатерална средба со директорката на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Ејми Поуп. – …

Continue Reading

Хакер: Влезот на Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која деенска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот. Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Северна Македонија …

Continue Reading

Во Струга почнува Преспа форум за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”

Во хотел „Дрим“ во Струга денеска започнува третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски. Преспа Форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски, како покровител, ќе ја предводи централната …

Continue Reading

Седници на комисиите за прашања на изборите и именувањата и за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за прашања на изборите и именувањата и за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за …

Continue Reading

Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на Македонија

Германскиот Биндестаг денска ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет. Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е …

Continue Reading

Спасовски со „Отворен Кабинет” во Струга

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Отворен Кабинет” денеска ќе биде во ОВР Струга. Покрај приемот на странки, предвидено е Спасовски да има работен состанок и брифинг со раководството на ОВР Струга, соопшти МВР. Целта на „Отворен Кабинет” е преку посети на сите Сектори за внатрешни работи низ државата и приеми на странки од страна на …

Continue Reading

Мицкоски: Нашиот став е јасен за измените на Уставот, наводна промена на ставот е спинување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека јасно го кажал ставот на лидерската средба со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски минатата среда – „Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија“. -Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот… Ако тоа трае три …

Continue Reading