Ковачевски: За било каков сомнеж со „Соравија“ има институции што можат да го испитаат тоа

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да го коментира купувањето на „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и упати на надлежните институции доколку постои било каков сомнеж. – Доколку некој изрази сомнеж во однос на било која трансакција тогаш за тоа се задолжени институциите кои тоа можат да го испитаат. Доколку имате прашања треба да …

Continue Reading

Маричиќ по повод Светскиот ден на јавните службеници: Сечиј придонес кон реформите е важен

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Светскиот ден на јавните службеници порача дека сечиј придонес кон реформите е важен, но дека улогата на јавните службеници, во држави како нашата кои се во интензивни реформи, е особено значајна и за почит. -Овој ден е посветен на работата во јавната служба, вработените во јавните институции и сите кои имаат придонес …

Continue Reading

Бошковски не е советник, туку соработник во Владата уште пред јас да дојдам како претседател, вели Ковачевски

Љубе Бошковски не е советник за странски инвестиции, туку со владин договор е ангажиран како соработник во службите во делот на привлекување на странски инвестиции, уште пред јас да дојдам како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан дали во неговата канцеларија уште работи Бошковски, кој се наоѓа на црната листа на САД. Ковачевски потенцираше дека Бошковски има …

Continue Reading

СП: Пописот беше лошо спроведен

Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека Пописот од 2021 година во периодот на неговото спроведување од повеќето партии меѓу кои и од СПМ беше оценет како лошо спроведен, без соодветна регулатива, со лоша методологија и без позитивна оценка од Евростат. И покрај укажувањата од експертите и политичките партии власта си спроведе попис спротивно на стандардите и доби податоци кои се …

Continue Reading

Премиерот не очекува зголемување на цената на струјата

Премиерот Димитар Ковачевски не очекува зголемување на цената на електричната енергија. – Цената на електричната енергија ја дефинира Регулаторната комисија за енергетика. Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие …

Continue Reading

Уставните измени ќе се најдат на една од наредните владини седници, пред нас е период на разговори, порача Ковачевски

Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието. Сметам дека имаме време да ги донесеме уставните измени, пред нас е период кога ќе се водат разговори, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој е на ставот …

Continue Reading

Алијанса за Албанците: Универзитетот во Тетово целосно да се реформира

Алијансата за Албанците реагираше во врска со процесот за избор на ректор на Универзитетот во Тетово, кој што, според АА, бил под влијание, контролиран и оркестриран за да се избере на оваа функција преферираниот кандидат на Вулнет Ахмети и кланот на криминалот и корупцијата. Според АА, овој процес, иако на почетокот изгледал демократски, со повлекувањето на тројцата кандидати, тој завршил …

Continue Reading

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни во остварувањето на човековите права

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска учествува на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора. Конференцијата ја отвори министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека, кој беше воедно и домаќин на настанот. Воведно обраќање имаше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а учествуваа …

Continue Reading

СДСМ: Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ да прашаат во која фиока е случајот „Делчевски ниви“

Реакција на изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Партиите не се ниту Суд ниту Обвинителство и доколку ДПМНЕ има некакви докази за незаконски активности за било кого треба да ги достави до надлежните институции. СДСМ нема намера да го симне нивото на политичка култура на она од ДПМНЕ. Лицемерно е што обвинувања доаѓаат од страна на политичката партија ДПМНЕ. Затоа …

Continue Reading