Левица со поддршка на протестната блокада против рудникот во Струмичко

Политичката партија Левица безрезервно ја поддржува протестната блокада на активистите од „Здрава Котлина” и струмичко која ќе се оддржи на 15 јули во Струмица и која има за цел одбрана на Струмичка котлина, југоистокот и Македонија од рудникот на смртта “Иловица-Штука”. Силите на Левица, како и досега, се на целосно располагање во оваа борба. Воедно го повикуваме народот масовно да …

Continue Reading

Грковска – Вуцас: Политичарите треба да имаат широка визија, нивните одлуки влијаат врз стабилноста и напредокот на целиот регион

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа проштална средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас. Таа се заблагодари за личната поддршка од амбасадорот и за севкупниот придонес од Австрија за реформските процеси во земјава. -Амбасадорот Вуцас истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е еден од приоритетите на австриската надворешна политика и во …

Continue Reading

Ковачевски – Мекарти: Македонија треба да продолжи да се движи напред

Од суштинско значење  Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија, беше истакнато на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување …

Continue Reading

Таравари: Отворен Балкан уште повеќе го поларизираше Западен Балкан

Од 2019 година, кога се иницира процесот на Отворен Балкан, континуирано ја изразуваме нашата резервираност за оваа асиметрична, неинклузивна и дупликативна иницијатива. Токму поради овие причини, Отворен Балкан не ја доби поддршката ниту од самата Европска Унија, во чие име беше започнат. Штетите на иницијативата во регионалната соработка во целина несомнено ги надмина индивидуалните придобивки во трите земји учеснички. Наместо …

Continue Reading

Во завршна фаза проектот за побрз транспорт на граничниот премин Ќафасан

Во завршна фаза е реализацијата на проектот „One stop shop“ на граничниот премин Ќафасан, информираше денеска директорот на Царинската управа Стефан Богоев, по средбата со неговиот албански колега Генти Гажели. Според него, во моментот се работи на поставување соодветна инфраструктура, со што граничните формалности меѓу двете држави ќе се реализираат само со едно застанување. Тоа значи олеснување на трговијата, транспортот …

Continue Reading

Битиќи: Вработените во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати со зголемена продуктивност и ефикасност на нивните работни места, изјави вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. За време на денешната посета на битолската фабрика Цермат, вицепремиерот Битиќи посочи дека очекува наредната недела да биде постигнат договор за општиот колективен договор. -Со синдикатите разговараме …

Continue Reading

Османи: Социјалната кохезија меѓу различните заедници е клучот за стабилноста на секоја земја

Конструктивната сила на социјалната кохезија преовладува над деструктивното влијание на фрагментацијата и раздорот. Таа е одговорот на сите комплексни предизвици со коишто се соочува човештвото. Ова е една од главните поенти од обраќањето на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот настан по повод 30 години од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на …

Continue Reading

Ковачевски: За 27 семејства од Свети Николе обезбедивме дом и им помогнавме да си го решат егзистенцијалното и генерациско прашање

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување за станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев, денеска во Свети Николе на 27 семејства им ги доделија клучевите од социјални станови за домување. Ковачевски во своето обраќање ја истакна посветеноста на Владата во грижата кон најранливите во нашето општество, за граѓаните на кои државата треба да им помогне со …

Continue Reading

Реакција на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски со неговите изјави застанува против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон. Мицкоски брани криминал докажан во транспарентен судски процес и се става над законите, над Уставот. Зборува дека ќе помилувал, дека ќе ги ослободувал сите од ДПМНЕ. Ниту е Мицкоски над Законот, ниту е над Уставот. …

Continue Reading