Николоски: Левица свесно или несвесно работат за ДУИ и СДС да останат на власт, тие не сакаат опозицијата да победи, но народот ќе направи правилен избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 61 пратеник

Левица се претставуваат како опозиција, а збор не слушнавме да кажат за штетниот договор за изградба на автопатите со Бехтел и Енка, па да прашам зошто е така?  Втора работа, овие се единствена опозиција кои не сакаат опозицијата да победи на избори, затоа што ако добро ја видов изјавата велат дека ВМРО-ДПМНЕ не смеат да добијат 61 пратеник. Ако ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус, пратениците да размислуваат за европската иднина на државата, порачаа Шаленберг, Влаховски и Липавски

–  Интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислуваат за европската иднина на државата. Колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо Северна Македонија ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори ќе бидат контрапродуктивни. Ова го порачаа на денешната заедничка прес-конференција министрите за надворешни работи на …

Continue Reading

Мицкоски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на средба со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во чиј состав беше и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова, остварија средба со Александар Шаленберг, министер за надворешни работи на Австрија, Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешка и Мирослав Влаховски, министер …

Continue Reading

Реакција од Министерството за правда на Уставен суд

Министерот Лога не може да ја сфати нервозата и вокабуларот искористен во реакцијата на почитуваниот Уставен суд. На новинарско прашање одговори дека УВМК има побарано мислење и од Уставен суд и од други институции, како и од делот на експертите. Како што е пренесено до министерот, со Уставен суд комуникацијата е реализирана на неформален начин (заради тоа што до вчера …

Continue Reading

Заедничка прес-конференција на МНР на Австрија, Чешка и Словачка (во живо)

Заедничка прес-конференција на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Мирослав Влаховски.

Continue Reading

Средба на Џафери со министрите за надворешни работи на Австрија, на Чешка и на Словачка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имал средба со министрите за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, на Чешката Република, Јан Липавски и на Словачката Република, Мирослав Влаховски. Како што соопштија од собраниската прес-служба, тие го сочинуваат Аустерлиц/Славков форумот, со стратешки интерес за меѓусебна соработка, кој вклучува грижа за соседните и помалку развиените земји. Претседателот на …

Continue Reading

Ахмети на средба со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка

Претседателот на Демократска Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети се сретнал со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влачовски, во рамки на нивната официјална посета на нашата земја. Главна тема на која разговарале на средбата, како што соопштија денеска од ДУИ, бил европскиот пат на земјата, важноста и неопходноста од …

Continue Reading

Ќе биде решен проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, најави Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза ќе биде решен, но додека стигне лекот, како што рече, треба да се почитуваат процедурите и законите. Смета дека лекот би стигнал до пред Нова година и додаде дека ќе се потрудат да биде тоа што побрзо. – Од првиот ден …

Continue Reading

Мицкоски и Николоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварил средба со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн во Република Македонија. Мицкоски, како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, му се заблагодарил на унгарскиот амбасадор Клајн за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информирал за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на …

Continue Reading