Пратеничките ја иницираа потребата од донесување акциски план за следење на спроведувањето на Стратегијата за демографски политики

– Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа консултативна средба со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Министерството за труд и социјална политика, на која беше презентирана Нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики, од страна на проф. д-р Драган Тевдовски. Како што информираат од собраниската прес-служба, целта на оваа средба била информирање и запознавање …

Continue Reading

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа лобирањата за уставни измени, а  притисок е невозможен, власта ќе остане запаметена како најголеми предавници кои удираат во темелите на државата

Притисок за уставни измени врз ВМРО-ДПМНЕ е невозможен, има само лобирања кои не ги прифаќаме, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во поткаст на „Радио лидер“, при што потенцираше дека и власта и сите видоа дека ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени. – Не прифаќам дека сме под притисок затоа што мислам дека е погрешен збор, можеби е …

Continue Reading

Вајмарската тројка во Собранието: Уставните измени се единствен предуслов за отворање на преговарачките поглавја

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со министрите за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, на Чешката Република, Јан Липавски и на Словачката Република, Мирослав Влаховски. Тие го сочинуваат Аустерлиц/Славков форумот, со стратешки интерес за меѓусебна соработка, кој вклучува грижа за соседните и помалку развиените земји. Претседателот Талат Џафери ги истакна пријателските билатерални …

Continue Reading

ССНМ: Попречување на работата на екипата на Алфа ТВ на јавен простор е недозволиво и казниво

Во Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сме вознемирени и крајно разочарани од случувањата при снимање на прилог на Алфа кога граѓани се дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил. Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според …

Continue Reading

Зендели го поздравува формирањето на ново движење на Меџити и смета дека тоа е добро за опозицијата

– Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели смета дека формирањето на ново политичко движење најавено од Изет Меџити е „добра вест за политичкиот плурализам и за албанската опозиција која во Собранието го сочинуваат движењето БЕСА и Алтернатива“. Според него, се гледа дека парламентарното мнозинство има проблем и дека тој проблем веќе продолжува еден период. -Таа „крпаница“ настана со влегувањето на Алијанса …

Continue Reading

Собранието го поддржа донесувањето на законот за данокот на солидарност по скратена постапка

– Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието денеска, во рамки на 120. седница, го поддржа донесувањето на законот за данок на солидарност по скратена постапка. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски, образложувајќи го предложениот текст, законот за данок на солидарност е од општ интерес за сите граѓани и базира на начелата на правичност, …

Continue Reading

Адеми: Двајца пратеници повеќе не се дел од пратеничката група на ДУИ

– Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Станува збор за Изет Меџити, кој вчера најави формирање на ново политичко движење и за Мерита Колчи Коџаџику, а ним од претходно им се придружи и Кастриот Реџепи. На прес – конференција во Собранието, на новинарско …

Continue Reading

Собранието ја почна 120. седница, на дневен ред и Предлог-законот за данок на солидарност

– Со 2,5 часа задоцнување, Собранието ја почна 120. седница на чиј дневен ред има 15 точки меѓу кои е и Предлог-законот за данокот на солидарност, по скратена постапка. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, Предлог-законот за изменување на …

Continue Reading

Неформална средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Ромите

– Членовите на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Ромите (ИППГ) денеска одржаа работна средба во Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, на консултативната – неформалната средба координаторката на ИППГ, Љатифе Шиковскa предлоджи во името на граѓанскиот сектор, секој последен четврток во месецот членовите на ИППГ да можат да постават пратенички прашања поврзани со потребите на Ромите. -Во таа …

Continue Reading