Каевски: Врв на срамот е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа Законот за македонски јазик

Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет. Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик. Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, пред македонската јавност, да се извини …

Continue Reading

Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата од политичката партија Левица за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција предложен од Министерството за правда, со кој се предвидува националноста да се запише во матичните книги на родените, венчаните и на умрените. -Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица …

Continue Reading

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

„Неприфатлив, тотално неразумен и дополнително ги загрозува позициите на Македонија кон ЕУ“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за текстот на предлог-иницијативата за уставни измени, кој Владата го испрати за натамошна постапка во Собранието. „Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е …

Continue Reading

Изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (во живо)

Изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е во Битола во рамки на проектот „Отворен кабинет“ и одржа работен состанок со раководството на СВР Битола.

Continue Reading

Пендаровски: Дијаспората да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции

Независноста на државата, демократијата и мултиетничката коегзистенција, се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Најголемата инвестиција што ја носат иселениците тука, се евроатлантските демократски вредности и принципи на работа, културата на почитување на законите и претприемачкиот дух. Неспорен е фактот дека голем дел од придобивките и добрите практики што ги имаме, се донесени …

Continue Reading

Мицкоски: Повеќеслојни се причините за неприфаќањето на уставните измени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека причините зошто вака предложените измени на Уставот се неприфатливи за нив се повеќеслојни, и пред сѐ, како што вели, „врзани со непостоењето на никакви гаранции дека ова ќе биде последната отстапка на патот кон ЕУ што Македонија треба да ја направи, поради отсуството на механизми за заштита на идентитетските прашања, како и понатамошни …

Continue Reading

Обраќање на претседателот Пендаровски на првиот македонски симпозиум и практики на ОМД (во живо)

Обраќање на претседателот Стево Пендаровски на првиот македонски симпозиум и практики на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Скопје.

Continue Reading

Вицепремиерот Битиќи ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница. Примарна дејност на „Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи. Компанијата е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Continue Reading