Општина Берово доби признание за јакнење на финансиската транспарентност

Општина Берово  доби Признание за јакнење на финансиската транспарентност и подобрување на достапноста до информации за локалните парафискални давачки. Информацијата ја сподели градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој денеска учествуваше на Економски форум, како панелист на Панел дискусија, во рамките на Проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“. -На форумот го акцентирав …

Continue Reading

Се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2023” во општина Илинден

Под покровителство на Општина Илинден и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2023”. Настанот го организира компанијата „Агроунија” ДООЕЛ Скопје, а во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции се изврши обиколка на опитното поле во Илинден. Присутните имаа можност да видат микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите …

Continue Reading

Одбележување на Светскиот ден на млекото: БИМИЛК и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

БИМИЛК, водечката компанија за млеко и млечни производи која посветено работи на промовирање на здравјето на децата, по повод Светскиот ден на млекото заедно со ЈОУДГ „Мајски цвет” Битола ја создадоа детската креативна патека до Битолското детско игралиште, лоцирано во Градскиот парк во Битола, кое е исто така инвестиција на оваа компанија од минатата година. Оваа иницијатива има за цел …

Continue Reading

Градежните работи во Младинскиот парк во Велес ќе бидат завршени до средината на јуни

Градежните активнсти што се изведуваат за реконструкција на  Младинскиот парк во Велес се одвиваат според планираното и ќе бидат завршени до средината на јуни, информираат од Општина Велес. Во тие рамки на сите патеки и површини  старите гранитни плочи се заменуваат со нови. На новинарско прашање од МИА, зошто не се искористат старите  квалитетни гранитни плочки и не се дополнат …

Continue Reading

Јавна дебата во Струмица за Законот за родова еднаквост

Еднаквоста на мажите и жените, концептот на родова еднаквост, концептот на еднаков родово буџетирање, концептот на родово базирано насилство се приоритети на Владата и Министерството и на сите останати институции и токму тоа е мотивот да работиме на нов закон со кој ќе дадеме нови можности, нови перспективи и на институциите и на локалните самоуправи да работат на еднаквоста на …

Continue Reading

Трајковски најави реконструкција на салата во Спомен-домот АСНОМ во Делчево

По повеќе од 50 години од изградбата на Спомен-домот АСНОМ првпат ќе се реконструира малата сала, со што ќе се враќа сјајот на култното место на културата во градот. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој информираше дека проектот „Реконструкција и санација на малата сала, влезот и влезниот хол во спомен-домот АСНОМ“ е вреден 9,6 …

Continue Reading

Општина Штип ги уредува влезовите на станбените згради

Почна уредувањето на влезот пред станбените згради на улица „Сремски фронт“ во населбата Автокоманда. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска беше на увид во градежните работи посочи дека станува збор за дел од активностите од Програмата за уредување на градежно земјиште, според која се веќе уредени влезовите на станбени згради во некои од населбите, како Сењак, а и …

Continue Reading

Во битолскиот градски парк отворена Болдер трибина

Во битолскиот градски парк од денеска во функција е ставен ѕид за качување, вештачка карпа Болдер, која ќе се користи за спорт и рекреација на лицата заинтересирани за болдеринг. Според Влатко Деловски, претседател на Спортско-качувачкиот клуб „Вертикал“ од Битола, проектот ќе овозможи развој на нов спорт кој од неодамна е и олимписка дисциплина. Проектот свечено го отвори генералниот конзул во …

Continue Reading

Почнаа геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска дадоа изјави по повод почнување со геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. Тие во непосредна близина на патарината кај Тетово разговараа со инженерите од …

Continue Reading