Битолскиот театар ќе учествува на театарски маратон во Сомбор

Актерите на битолскиот театар Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, по синоќешната премиера на претставата „Брод за кукли“, отпатуваа за Србија каде утревечер ќе гостуваат во Сомбор. На покана од Народно позориште-Сомбор, битолските актери ќе настапат на театарски маратон и ќе ја изведат дуодрамата „Кислород“ од Иван Вирипиев, во режија на Иван Јерчиќ. -„Кислород“ е возбудлива и провокативна претстава, која …

Continue Reading

Триста илјади денари субвенции за купување велосипеди во Кавадарци

Советот на општината Кавадарци попладнево донесе одлука за определување на максимален износ за доделување на поединиечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за оваа година. – Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед, по лице, се утврдува во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари по лице, со вклучен …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: „Славија“ ќе биде современ спортски комплекс

Жителите на населбата Пржино ќе добијат модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија“, соопшти денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Како што информира Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски присуствуваше на почетните градежни зафати на оваа локација со површина од 1350 квадратни метри, каде ќе се изведуваат тениско, фудбалско и кошаркарско игралиште, по најсовремени стандарди. Просторот. кој …

Continue Reading

Во Кочани се одржа 13. републичка ревија на песни, музика и игри на Сојузот на здруженија на пензионери

Здружението на пензионери од Кочани денеска беше домаќин на 13. Републичка ревија на песни, музика и игри, чиј организатор е Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ). На манифестацијата настапија над 450 пензионери фолклористи од 26 културно-уметнички групи на пензионерските здруженија, што се избрани како најдобри учесници на претходно одржаните осум регионални ревии во државата. -Првпат ревијата се одржува …

Continue Reading

Крива Паланка и Лесковац ќе имплементираат нов европски проект „Земја на легендите“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска го потпиша договорот за отпочнување на проектот „Земја на легендите“ што ќе се реализира во партнерство со збратимениот град Лесковац, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија. -Ова е втор проект на Општина Крива Паланка заедно со Лесковац, што произлезе како идеја благодарение на успешната соработка, …

Continue Reading

Почна реконструкцијата на училиштето во делчевското село Тработивиште

Новата учебна година учениците во Подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Тработивиште во Делчево ќе ја започнат во реновирани училници и санитарни јазли. Деновиве започнаа градежните работи за реконструкција на училниците, санитарните јазли, како и решавање на проблемот со отпадните води и приклучок на објектот на фекалната канализација. Увид во почетните работи денеска изврши градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека …

Continue Reading

Без вода дел од корисниците на булевар АСНОМ

Поради дефект на затварач на приклучна цевка, без вода од 10 часот се корисниците од бр 84 до бр 118 на булевар АСНОМ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Continue Reading

Доделени првите решенија за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска ги додели првите решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели. Како што информира општина Илинден, градоначалникот Георгиевски истакна дека целта е да се стимулираат граѓаните и домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се …

Continue Reading

Антички театар, Света Софија и Долни Сарај во исчекување на светската уметничка елита од 63. „Охридско лето“

Програмата е затворена, сцените се подготвени, годинешното 63 „Охридско лето“ може да почне…И годинава како и изминатите фестивалски изданија, публиката очекува 40 дена врвна програма со светски познати имиња од класичната музика и театарската уметност. Директорката на фестивалот Наташа Поповиќ категорична – „така и ќе биде“… Фестивалот „Охридско лето“ секоја година од 12 јули до 20 август ја носи светската …

Continue Reading