Доделување социјални станови во Виница

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан по повод доделување на социјални станови на семејства во Виница. На настанот ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, соопшти владината прес-служба.

Continue Reading

Стејт департментот го прогласи струшкиот градоначалник Мерко за непожелна личност за САД

Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. -За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на …

Continue Reading

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив. -Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои …

Continue Reading

Дел од општина Гази Баба утре без вода

Корисниците од улицата „Перо Наков“,  на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до „МЗТ“, во општина Гази Баба утре од 9:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач од 250 милиметри на улицата „Перо Наков“ бб, во близина на „МЗТ“, а корисниците ќе бидат …

Continue Reading

Дел од општина Шуто Оризари утре без вода

Корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Пелагонија“ и „31“ во општина Шуто Оризари утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водоводи и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Индира Ганди“ бб, а корисниците ќе бидат без вода се до санирањето …

Continue Reading

Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не …

Continue Reading

Беровскиот Совет преименува четири улици по загинатите бранители од конфликтот во 2001 година

Во Берово преименувани четири улици кои во иднина ќе ги носат имињата на загинатите бранители во конфликтот 2001 година. Одлуката едногласно ја донесе Советот на Општина Берово на денешната 31 седница. -Советот денеска донесе одлука улицата „Моша Пијаде“ да се преименува во улица „Зоран Бубевски”, улицата „Борис Кидрич” отсега ќе го носи името „Димитар Двојаковски”, улицата „Неретва” се преименува во …

Continue Reading

Ќе се реставрира и партерно ќе се уредува Споменикот на слободата во Кочани

Општина Кочани ги почнува активностите за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и за партерно уредување на Споменикот на слободата, за што објави јавна набавка за избор на на изведувач на градежните работи. Санацијата на најголемиот мозаичен монумент на Балканот, лоциран на ридот Локубија во Кочани, е во рамки на проектот што се реализира со финансиска поддршка од над 254 …

Continue Reading

Дваесетина сандаци со пчелни семејства уништени од мечка

Дваесетина сандаци со пчелни семејства се уништени најверојатно од мечка ноќеска на имот на пчеларот Владимир Гавриловски во тетовско Непроштено, Општина Теарце. Оваа неприлика со која се соочил пчеларот е дел од состојбата која овој месец е честа во потшарпланинскиот регион, посочуваат од здруженијата на пчелари. -Во текот на оваа година, заклучно со денеска (20 јуни) во СВР Тетово пријавени …

Continue Reading