Во Прилеп почнува Семинарот за изучување на народните инструменти, најава за Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Во Прилеп денеска почнува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ и е своевидна најава за 49-тото издание кое ќе се одржува на 30 јуни и на 1 јули во Прилеп и на Рудина, Долнени. На семинарот учествуваат 10-тина млади, ученици од средното музичко-балетско училиште „Илија …

Continue Reading

Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов синдром и нивните семејства

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдом „Вера“ од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, денеска отвори Клуб за деца и младинци со Дауонов синдром и нивните семејства, „Деца на сонцето“. Клубот е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар, каде децата со помош на стручни лица ќе имаат воннаставни активности четири часа од понеделник до петок, …

Continue Reading

Нивото на водата во Охридското Езеро пет сантиметри под просекот за јуни

Интензивните врнежи од дожд изминатите денови значително придонесоа за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, чие ниво се приближува кон јунскиот просек. Според последните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,60 метри надморска височина, што е на пет сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в) …

Continue Reading

ЦУК: Во непосредна близина на Театарот за деца и младинци, има возило во дефект, возачите да внимаваат

На улица „Димитрије Чуповски“ во крајната десна сообраќајна лента, во насока на движење кон к-ца со улица „Васил Главинов“ и улица „Даме Груев“, во непосредна близина на Театарот за деца и младинци, има возило во дефект, информираат од ЦУК. Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, апелираат до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат …

Continue Reading

Проект и камп за обука на „Заводот и музеј – Охрид“ за јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот регион

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“ стартуваше со реализација на проектот „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“, вреден 55 илјади долари средства обезбедени преку УНЕСКО. Станува збор за проект што …

Continue Reading

Во пресрет на Курбан бајрам подигнати 130 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба

Десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба се расчистени во текот на минатиот викенд, од екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Како што соопштија од Јавното претпријатие, отстранетите диви депонии беа лоцирани на улиците Ферид Мурат – во близина на Пензионерскиот дом и Самоилова – до Скопското муфтиство, на булеварите Александар Македонски – кај населеното место …

Continue Reading

Прием за европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев во кабинетот на градоначалникот на Неготино

Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов попладнево го прими во својот кабинет европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев. – На приемот, од страна на мојот соговорник бев информиран за неговите извонредни постигнувања на домашни и меѓународни натпреварувања во бодибилдинг, што придонесе да го заземе првото место на светската ранг листа на официјалната федерација ИФББ. Јанев ме запозна дека …

Continue Reading

Градоначалникот на Неготино учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Хрватска

Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Република Хрватска. – Таму бев на покана на организаторот на настанот, општина Кнежеви виногради, присуствував и зедов активно учество на манифестацијата и на конференцијата „Вински туризам-локален пристап и европски перспективи“. Во име на општината Неготино како винарска дестинација и географски простор на кој се застапени огромни …

Continue Reading

Димитриевски додели признанија на учениците првенци на генерација: Вие сте тие што треба да ја наследат државата и да ја туркате напред кон прогресот

Денеска, во чест на 24 Мај – Ден на словенските просветители Кирил и Методиј беа доделени награди и признанија на најдобрите ученици – првенци на генерација од основните и средните училишта во Куманово и Старо Нагоричане за учебната 2022/2023 година. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски којшто упати благодарност на сите наставници, професори и професорки …

Continue Reading