Заменик министерот Реџепи во посета на општина Дебар
-
деск
-
June 30, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска ја посети општина Дебар. По средбата со градоначалникот Хекуран Дука, двајцата извршиј увид во реализацијата на работите поврзани со инфраструктурниот проект во населбата “Венец1”. – Проект, кој е во тек на реализација, предвидува целосна реконструкција на четири улици, реконструкција на тротоари и за првпат изградба на атмосферска канализација, во оваа населба …
Continue Reading
Муцунски од Лисиче: Реализираме нови и важни проекти, работиме со полна пареа и обезбедуваме поквалитетен живот за граѓаните
-
деск
-
June 30, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Општина Аеродром реализира уште еден важен инфраструктурен проект. Градежната механизацијата, овие денови активно работи во населбата Лисиче каде во тек е реконструкција на улицата „Црноризец Храбар“ во должина од 500 метри, шест метри коловозна ширина и тротоар. Реконструкцијата опфаќа и бележење на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, замена на целосно дотраениот материјал и обнова на дел од атмосферската канализација. Проектот …
Continue Reading
Привршува реновирањето на повеќе објекти од Здравствен дом Куманово
-
деск
-
June 30, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Привршува реконструкцијата на неколку објекти под надлежност на Здравствениот дом Куманово, информираа на денешната прес-конференција од здравствената установа. Средствата во висина од околу пет милиони денари се обезбедени од Здравствен дом. Опфатена е реконструкција на детскиот диспанзер во централната зграда, позната како Уред, објектот на Итна помош, амбулантата во населбата „Тоде Мендол“ каде поранешната аптека е веќе лабораторија. – Градежната …
Continue Reading
Нов паркинг и реконструиран парк во Драчево
-
деск
-
June 30, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го посети новиот парк во Драчево, лоциран на местото каде беа отстранети времени објекти. На површина од околу 700 квадратни метри реконструирано е детското катче, поставени се нови реквизити и изграден терен за мал фудбал и за кошарка. Во непосредна близина изграден е и нов паркинг за околу 30 возила, информираат од Општина Кисела Вода. – …
Continue Reading
Утврдена програмата за Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчево 2023″
-
Деск
-
June 30, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Утврдена програмата за овогодишното издание на Фестивалот на дувачки оркестри „Пехчево 2023“. Фестивалот ќе се одржи од 13 до 15 јуни во очи на празникот Павловден и денот на градот Пехчево. И годинава како што информираа од Општината, покрај дувачките оркестри кои се составен дел на Фестивалот предвиден е настап на музички имиња како од домашната, така и од балканската …
Continue Reading
Во Пехчево и следната година ќе функционира дисперзираната паралелка при ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово
-
Деск
-
June 30, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Во Пехчево и следната учебна година ќе продолжи да функционира дисперзираната паралелка во склоп на Општинското Средно училиште „Ацо Русковски“ – Берово. Одлуката доаѓа по претходните консултации со учениците и родителите на деветоодделенци од Пехчево, на кои им беше дадена можност да изберат дали Средното образование ќе го продолжат во Берово или во Пехчево. – ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, ги …
Continue Reading
Пет невработени лица во Виница ангажирани за извршување општествено корисна работа
-
Деск
-
June 30, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Општина Виница се вклучи во проектот за извршување општествено корисна работа, со кој се ангажирани пет невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување, кои до март идната година ќе обезбедуваат социјални услуги. Во просториите на Општината се одржа средба со невработените на која беа потпишани договорите за ангажманот, при што беше нагласено дека проектот е резултат на соработката на …
Continue Reading
Кумановските деветоодделенци во првиот уписен рок избраа технички и стручни насоки
-
Деск
-
June 30, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Кумановските деветоодделенци преферираат технички и стручни насоки, покажуваат првичните податоци на секторот за образование Куманово. Сепак, интерес има и за гимназиско образование. Најмногу ученици во првиот уписен рок има во „Наце Буѓони“ каде се пријавиле 388 ученици, а се запишале 322 ученици, од кои 177 на македонски наставен јазик, а 145 на албански наставен јазик. Според првичните податоци во гимназијата …
Continue Reading
Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства
-
Деск
-
June 30, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Градоначалникот Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар. – Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со којашто општината има традиционална соработка, градоначалникот ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“, информираат од општина Центар. Герасимовски …
Continue Reading