Општина Аеродром стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 градови и општини ширум светот

Општина Аеродром и официјално стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 општини и градови, ширум светот. „Strong Cities“ е мрежа која обединува општини и градови од целиот свет и служи како платформа преку која се развиваат иницијативи за меѓусебна соработка, програми за размена на млади, како и размена на искуства и заедничко дејствување за …

Continue Reading

Во Кавадарци одбележани 129 години од формирање на прв комитет на Македонска револуционерна организација (ТМОРО) во 1894 година

– Во Кавадарци денеска беа одбележани 129 години од формирањето на прв комитет на Македонската револуционерна организација (ТМОРО) во 1894 година, прв во Македонија после Солунскиот. Пред спомен плочата во центарот на градот е положено цвеќе, а историски час одржа Марија Михова, кустос историчар во Музеј галеријата во Кавадарци. Таа потсети дека на 15 јули 1894 година во Кавадарци бил …

Continue Reading

Мостот на река Пчиња во исклучително лоша состојба, Општина Куманово аплицирала со проект за санација

– Мостот на река Пчиња е еден од мостовите во исклучително лоша состојба, соопштија надлежните од Центарот за управување со кризи. За состојбата алармираа жителите на Пчиња кои стравуваат дека ќе останат отсечени од Куманово. Според надлежните од ЦУК, за состојбата е информирана и Општина Куманово кои ангажирале и експерт од Институтот за сеизмички градби и климатски промени. Оттаму дале …

Continue Reading

Во Кавадарци изложба на стрип од Фран Струкан од Хрватска

– Изложба на стрип од Фран Струкан од Хрватска беше отворена синоќа во Музеј галеријата во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето”. Автор на изложбата е Љубомир Михајловски. Трајче Цветков, виш кустос во Музеј галеријата во Кавадарци, се осврна на стрип уметноста, нагласувајќи дека таа како концепт, во светот е определена како деветата уметност, која како медиум, има за …

Continue Reading

Во Велинград отворена изложбата „Скици 2022“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

– Биеналната изложба „Скици 2022“ синоќа беше отворена во Уметничката галерија „Цвета Шуманова“, во Велинград, Република Бугарија, соопштија денеска организаторите од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Тамошната публика имаше можност да разгледа триесетина дела работени од 14 ликовни уметници од Куманово. – Изложбата е отворена во рамки на манифестацијата од областа на културата, „Велинградските празници“, под покровителство на …

Continue Reading

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце усмртена е мечка и повредени се две лица

– Половина час по полноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица. Несреќата се случила кај Доброште. – Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б. Ш(60) од Доброште, …

Continue Reading

Во Крушево меѓународен настан за вмрежување на млади од Македонија и Грција

– „Младинскиот Сојуз – Крушево“ и „ЈИЕ во акција“ од Грција викендов во Крушево организираат меѓународен настан за вмрежување „Пронаоѓање и поддршка за младинска соработка 2023“ во рамки на иницијативата за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Најавени се обраќања на организаторите, како и на Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Марко Ѓоргиевски, …

Continue Reading

Изложба со дела на Владимир Георгиевски во Куќата на Робевци во Охрид

– Во Куќата на Робевци вечер ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942. Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968-та. Постдипломски …

Continue Reading

Без вода повеќе улици во Кисела Вода

– ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 08.00 часот, без вода ќе бидат повеќе улици во општина Кисела Вода: „Иван Козаров“, „Петар Дељан“, „Киро Крстевски“, „Боте Ботевски“, „Марко Цепенков“, „Доситеј Обрадовиќ“ и „Мишко Михајловски“, како и дел од корисниците од улиците „Вера Јоциќ“, „Христо Татарчев“, „Пушкинова“, „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради …

Continue Reading