Лога: Ќе стигнеме до 40 канцеларии за бесплатна правна помош во државата

Ние од 34 канцеларии за бесплатна правна помош низ државата ќе стигнеме до најмалку 40. Веќе имаме материјали и кампања и на социјалните мрежи и јутјуб каналот, а исто така сите ќе ги има на националните телевизии, портали и другите медиуми, рече министерот за правда, Кренар Лога, на денешната промоција во Гевгелија за подигнување на свесноста кај граѓаните за постоењето …

Continue Reading

Во Делчево се подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени ,,Македонија 2023“

Здружението на граѓани за негување на македонската култура и уметност ,,Македон” од Делчево го подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени „Македонија 2023″. Настанот како што информира претседателот на здружението Славчо Десподов ќе се одржи на 2 август 2023 година, на големиот празник Илинден. -По повод многубројните историски јубилеи од славната македонска историја одлучивме да го востановиме …

Continue Reading

Реконструирани игралиштата во пробиштипското училиште „Никола Карев“

Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. На двете игралишта е поставена  нова тартан подлога, а деновиве ќе се постават нови голови и табли за кошеви, како и осветлување за да можат игралиштата да бидат функционални и во вечерните часови за …

Continue Reading

Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период

Македонската јавност денеска прв пат се информира за недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период кое располага со над 100 мекогашни и сегашни објекти во градот. Проектот го презентираше тим предводен од Виктор Трајановски, доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ-Скопје. -Проектот е креиран преку Центар за етнолошки истражувања и примената антрополгија-ЦЕИПА од Скопје. Изработивме …

Continue Reading

Без вода корисниците од улица „Македонско Косовска Бригада“

Поради уличен дефект ф-100 мм на „Македонско Косовска Бригада“ 10/37, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека е можно да се намали притисокот на водоснабдувањето во касарната „Илинден“. Водоснабдувањето, како што е наведено во соопштението, ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Поставен камен темелник на новиот објект на Полициската станица Аеродром

На локацијата на старата Полициска станица во Аеродром денеска беше поставен камен темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје. Новата полициска станица е проектирана да се изгради на површина од 3 500 квадратни метри со рок за изградба 30 месеци, а вкупна вредност од околу 130 милиони денари …

Continue Reading

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2 Август” и националниот празник на македонскиот народ, информираат од Општината. На централната манифестација која се одржа синоќа во комплексот на Домот на култура ,,Илинден”  пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот …

Continue Reading

Во Музеј Неготино изложба на дела од реномирани ликовни уметници од Велес

Изложба на дела од реномирани ликовни уметници од Велес, беше отворена синоќа во Музеј на град Неготино. Директорката на Музејот, Драгица Чекорова потсети дека авторите на изложбата се четворица еминентни ликовни уметници од Велес, тие творат во различни ликовни правци, препознатливи по своето творештво. Чекорова рече дека нивна заедничка компонента е што се целосно вклучени во модерната ликовна клима, преку …

Continue Reading

Загина 17-годишно момче во сообраќајка во Струмица

Седумнаестгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Струмица помеѓу мотоцикл „јамаха“ и патничко возило „бмв“. – Синоќа во 23:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со …

Continue Reading