Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре

– Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева. Директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот се …

Continue Reading

Заврши состанокот меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, за утре најавена нова средба

– Заврши состанокот меѓу жителите на Слупчане и претставниците на ЕВН. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека состанокот поминал во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село. – Денес претставници на ЕВН се сретнаа со претставници на селото Слупчане. Разговорите се одвиваа во позитивна насока. Преостанува да се …

Continue Reading

Протест на граѓани против загадувањето од градската комунална депонија во Кочани

– Група граѓани од Кочани доцна попладнево излегоа на предупредувачки протест на крстосницата кон селото Бели на регионалниот патен правец кон Пониква. Причината за протестот е неконтролираното палење и чадење на депонијата. Присутните граѓани упатија јавна покана до надлежните од Локалната самоуправа, КЈП „Водовод“ – Кочани и Државниот и општинскиот инспекторат за животна средина за средба со цел решавање на деценискиот …

Continue Reading

Ќе се реконструира патниот правец Мрежичко – Мајден во Кавадаречко

 – Ќе се реконструира патниот правец Мрежичко – Мајден во Кавадаречко, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната седница на Општинскиот Совет. -Последната информација што ја имаме како општина е дека преку Агенцијата за патишта се одобрени 30 милиони денари за реконструкција и рехабилитација на патот Мрежичко – Мајден. Во наредниот период треба да излезе комисија од „Македонија пат“ и …

Continue Reading

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“

Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, се засили и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Како што посочуваат оттаму, авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а тргнат е и еден хеликоптер …

Continue Reading

Жителите на Слупчане и ЕВН на средба во Липково

Трае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село. На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот. По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот …

Continue Reading

Кавадарци ќе добие затворен градски базен

Кавадарци ќе добие затворен градски базен, издадено е одобрение за градење, информираше денеска градоначалникот на Кавадарци. Митко Јанчев. – Според информациите што ги имаме, преку Агенцијата за млади и спорт, за долгоочекуваниот затворен градски базен, од септември треба да се избере фирмата за градење на градскиот базен за кој постапките најверојатно се поминати и да може да се вклучиме во …

Continue Reading

Во Дебар ќе почне реализација на инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница

Општина Дебар најави реализација на значаен инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница и сите други граѓани на оваа општина. -Европскиот совет и програмата „РОМАКТЕД“ фаза 2, заедничката програма на Европската унија и Европскиот совет одобрија средства во износ од 10 илјади евра, во рамки на проектот „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, информираа попладнево …

Continue Reading

Крводарителска акција во Делчево

Покажувајки ја уште еднаш хуманоста на дело, граѓаните на Делчево денеска подарија 64 крвни единици во рамки на августовската крводарителска акција. Имајки предвид дека е период на годишни одмори од Црвен крст Делчево како организатори на акцијата изразија задоволство од одзивот на граѓаните. -И оваа акција се одвиваше согласно нашите очекувања, топлото време не ги спречи граѓаните да даруваат крв, …

Continue Reading