По 100 години, парижаните повторно ќе може да пливаат во Сена

Жителите и туристите во Париз од 2025 година повторно ќе можат да пливаат во реката Сена, првпат по повеќе од 100 години, објави вчера градоначалничката на француската престолнина, Ана Идалго. Таа посочи три места коишто ќе бидат отворени за јавноста – водно собиралиште што веќе делумно е во употреба, како и две други наменски плажи недалеку од Ајфеловата кула. Местата …

Continue Reading

На Светската конференција за ВИ во Шангај склучени договори вредни повеќе милијарди евра

За време на Светската конференција за вештачка интелигенција (ВИ) за 2023 година, што се одржа во Шангај, Кина, беа потпишани договори за купување и инвестиции во вредност од повеќе милијарди евра, објавија кинеските медиуми. Ву Џинченг, директор на Општинската комисија за економија и информатичка технологија на Шангај, рече дека на Конференцијата одржана oд 6. дo 8 јули, се потпишани договори …

Continue Reading

Најавен првиот хрватски филм делумно напишан од ВИ

Во Хрватска за догодина се подготвува филм најавен како „пионерски потфат на хрватската независна филмска продукција“ во контекст на светскиот тренд во кинематографијата. Станува збор за проектот „БЕТА“, кој ќе се снима на почетокот на 2024., а ќе биде прикажан до крајот на таа година. Како што соопштуваат продуцентите, тоа е првиот долгометражен игран филм во историјата на светската кинематографија …

Continue Reading

Лошиот сон го скратува животот за седум години

Ново истражување со 300.000 средовечни испитаници покажа дека нарушеното дишење при спиењето е поврзано со здравјето на срцето и оти лошиот сон го скратува животниот век за околу седум години. Иако не може да вети долговечност, спиењето ги одржува виталните телесни процеси да се движат како што треба. Истражувачите на Универзитетот во Сиднеј во Австралија и Универзитетот на Јужна Данска …

Continue Reading

Пица „против комарци“

Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најдосадните суштества нa светот – комарците. Затоа, синџирoт ресторани „Пица пица“ (Pizza Pizza) со седиште во Торонто, Онтарио, Канада, осмисли пица „против комарци“… Важно за напоменување – „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со средства против инсекти. Но, за …

Continue Reading

Некои од сосем „најнеочекуваните“ прашања на разговор за работа

Интервјуата за работа дури и најсигурните и најсамоуверените луѓе ги прават нервозни. A, честопати, работодавачот ќе постави сосем „неочекувано“ прашање за коешто кандидатот обично и не може да сфати каква врска има со работата… И тоа, велат стручњаците, е сосем очекувано, всушност. Менторската платформа „Пушфар“ (PushFar) направи анкета меѓу корисниците на „Редит“ и состави листа од најчудните прашања што им …

Continue Reading

Во Памплона почна фестивалот на трки со бикови

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на годинашниот фестивал „Сан Фермин“ што почна вчера, каде што се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули. Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат вино. На утринската трка низ …

Continue Reading

Твитер најави тужба против Мета поради „Тредс“

Твитер ѝ се закани на корпорацијата Мета со правна постапка поради нејзината нова апликација наречена „Тредс“ (Threads), објавија западните медиуми. Во писмото упатено до извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, адвокатот кој го застапува Твитер, Алекс Спиро ја обвинува Мета за злоупотреба на трговски тајни и интелектуална сопственост, најмувајќи поранешни вработени на Твитер заради развој на апликација со исти намени. …

Continue Reading

Два портрети на Рембрант продадени на аукција за повеќе од 13 милиони евра

– Два портрети на холандскиот барокен сликар Рембрант ван Ријн, до сега непознати за пошироката јавност и во приватна колекција веќе 200 години, денеска беа продадени на аукција во Лондон за повеќе од 13 милиони евра. Аукциската куќа Кристи се надеваше дека двата портрети ќе се продадат од шест до девет милиони евра, но тие беа продадени за вкупно 13,122 …

Continue Reading