Православните верници вечерва и утре го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец
– Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи празнична вечерна богослужба. Богослужбата ќе започне во 19 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Во манастирот утре ќе се служи и света архиерејска литургија со почеток од девет часот, на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. Вообичаено …
Continue Reading
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од …
Continue Reading
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
– Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како …
Continue Reading
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
– Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу …
Continue Reading