Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади

Косовскиот премиер, Албин Курти одби да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Косово, и нагласи дека тоа ќе го направи единствено на заедничка седница на двете влади, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната владина седница, Курти пред новинарите изјави дека заедничката седница на двете влади, која требаше да …

Continue Reading

Мигрантското прашање во фокусот на средбата на претседателите на Грција и Малта

Билатералните односи, руската инвазија во Украина, климатската криза, но и мигрантското прашање беа темите за кои разговарале грчката претседателка Катерина Сакеларопулу со претседателот на Малта, Џорџ Вела кој денеска е во официјална посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на Малта истакна дека за мигрантското прашање сè уште не постои целосна поддршка од сите земји на ЕУ. …

Continue Reading

Премиерот на РС бара смена на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ денеска изјави дека бара разрешување на Денис Беќировиќ, бошњачки член на Претседателството на БиХ. – Барам смена на Денис Беќировиќ и навистина мислам дека претера. Поведувам иницијатива за смена на Беќировиќ. Кој е тој да бара смена на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна Вишковиќ. Тој додаде дека Беќировиќ „не го избрал Додик, …

Continue Reading

За 49 отсто зголемени мигрантските бранови во Грција во првите пет месеци од годинава

Во периодот од јануари до мај годинава во Грција пристигнале за 49 отсто повеќе бегалци и мигранти во споредба со истиот период лани, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина. За една година од мај 2022 година до мај годинава биле регистрирани 20.107 пристигнувања од кои повеќе од половина биле кај Еврос …

Continue Reading

Анкета: Речиси 90 проценти од Бугарите оцениле дека корупцијата е широко распространета во земјата

Според резултатите од анкетата, презентирани денеска од Европска комисија, 88 проценти од Бугарите изјавиле дека корупцијата е широко распространета, осум отсто одговориле дека е „ретко распространета“, а за еден процент од испитаниците корупција во земјата „не постои“. Речиси половина од Бугарите (48 отсто) истакнале дека оние кои се фатени во ситна корупција добиваат „соодветни“ казни. Само 11 проценти го делат …

Continue Reading

Вучиќ разговараше со Лајчак за смирување на тензиите на северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, разговарал за начините за смирување на тензиите на северот на Косово и за спроведувањето на претходно постигнатите договори. Вучиќ на својот Инстаграм со фотографии од средбата во Белград напиша дека го предупредил Лајчак дека Србите во Косово „се изложени на …

Continue Reading

Мицотакис најави предвремена отплата на заемите од првиот меморандум за економски спас на Грција

Предвремена отплата на двегодишните заеми на Грција од првиот меморандум за економски спас на земјата во 2010 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Блумберг, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека со предвремената отплата ќе се испрати позитивен сигнал до финансиските пазари. -Не само што сме фокусирани на растот, туку сакаме да бидеме сигурни дека …

Continue Reading

Турција: Палењето на Куранот во Шведска покренува прашања за нејзините квалификации за НАТО

– Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека неуспехот на шведските власти да го спречат палењето на Куранот на протестот во земјата предизвикува загриженост за безбедноста и поставува прашања за тоа колку е квалификувана да стане членка на НАТО. Фидан рече дека Турција сепак ќе ѝ даде зелено светло на Шведска да се приклучи на воената алијанса …

Continue Reading

Средба Мишел-Брнабиќ: Реформите се клучни за Србија да напредува на патот кон ЕУ

– Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека „од клучно значење е Србија да продолжи со реформите за да напредува на патот кон ЕУ“. Мишел на Твитер напиша дека во разговорот со Брнабиќ јасно кажал дека е потребна итна деескалација на ситуацијата на северот на Косово и продолжување на дијалогот со Приштина …

Continue Reading