Во првите три месеци од годинава продадени се шумски сортименти во износ од 28.391 кубни метри што е зголемување за 36,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2023 година е зголемено за 33,4 отсто во однос на првото тримесечје од 2022 година.
Зголемување на шумското производство е забележано кај повеќето видови шумски сортименти, а намалување има кај друго обло дрво од иглолисни видови и друго грубо обработено дрво, цепeници, дрвени столбови и колци.