Државниот завод за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на странски државјани кои ја посетиле Албанија во првите пет месеци од годинава изнесува 2.389.899, што е зголемена за 42,5 отсто во однос на истиот период минатата година.
Од нив, над 2,2 милиони граѓани престојувале на одмор или посета на роднини, додека 50.861 граѓанин за деловни и професионални цели.
Во петте месеци од годинава, најголем број странски државјани кои влегле во Албанија се од европските земји, пред се од регионот, со 2.300.558 граѓани, а потоа следат Америка и Источна Азија и Пацификот, со 55.333 односно 15.060 граѓани
Во меѓувреме, зголемување бележи и бројот на албански државјани кои патувале надвор од земјата. Нивниот број е изнесува 2.447.719, што е зголемување за 21,1 отсто, во однос на истиот период пред една година.