Волфганг Маиер за Агенда 35 на МТВ: Нема да толерираме кражби на струја – продолжуваме да соработуваме со институциите на нивно сузбивање

maier 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Кражбите на струја се еден од најголемите проблеми со кој се соочува компанијата. За компанијата и за мене како човек неприфатливо некој да зема производ или услуга и да не ја плати“ истакна Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија во интервјуто за емисијата Агенда 35 што се емитува на Македонската радио телевизија.

Маиер истакна дека компанијата прави сѐ за да ги намали кражбите на електрична енергија и истакна дека компанијата има инвестирано во овој процес, на чие решавање високата посветеност останува.


„И досегашните заложби имаа значителен ефект, но имам впечаток дека сега општеството и институциите се со нас, бидејќи никој што плаќа за струја не може да разбере дека друг не плаќа. Направивме огромни напори за инвестиции и остануваме посветени да се намалат што повеќе нетехничките загуби кои во превод се кражби на струја“, додава тој.

ЕВН Македонија во изминатиот период интензивно работеше на подобрување на состојбите и намалување на кражбите на струја. Во овој проект компанијата имаше добра соработка со сите релевантни институции како општините, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, јавното обвинителство и други. Како резултат на заедничкиот пристап инсталирани и дислоцирани се околу 200.000 смарт-броила, а инвестициите продолжуваат.

Кражбите на струја во одредени општини создаваа огромни проблеми, технички испади, загрозување на безбедноста на животот и имотот на луѓето, а често цели села остануваат без струја поголем временски период токму поради високиот процент на кражби.  Маиер зборува и за недостигот на стручен кадар на пазарот на трудот во полето на енергетиката, потоа за тоа дали е можно глобално стабилизирање на цената на струјата, како и за енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK