„Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата беше 360 евра, сега е 630, голема е разликата“, велат од СДСМ

„Во-времето-на-ДПМНЕ-во-2016-година-просечната-плата-беше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДСМ со правилни економски политики, води грижа за сите во државата. СДСМ предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата од 500 евра и сега таа е покачена на 630 евра. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесуваше 360 евра“, велат од СДСМ.


„Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денес.

ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците, го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.

За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се приоритет.

Со СДСМ растат платите, со СДСМ работниците имаат повеќе“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK