Во Велес започнаа со работа три од предвидените пет работилници за обновување на старите занаети

veles zanat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невладината „Разбој” од  Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници денеска започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети. Работилницата за грнчарство се одржува во Спомен куќата на Коста Солев Рацин, а за ткаење и изработка на накит во Куќата на Касапови, двете во стариот дел од градот.

Работилниците се дел од проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети“ информираат од Општина Велес. Работилниците се наменети за основците од градот, како и сите кои сакаат да им се приклучат и научат за старите занаети.


Учениците-учесници на работилниците за МИА изјавија дека се среќни што ги учат старите занаети на своите претци, а посебнo беа среќни учениците кои учеа да прават грнчарски производи на грнчарското колце на Кочо Рацин во куќата на неговото семејство кое било грнчарско.

Од Општина Велес појаснуваат дека работилниците се отворени за посета за сите заинтересирани  секој работен ден во наредните две седмици, од 8 до 11 часот.

Воедно најавија дека дополнително, во текот на месец септември ќе се одржат уште две работилници за столарство и копаничарство.

НВО „Разбој” – Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници се едни од четирите граѓански организации од Велес добитници на грант во рамките на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан „ReLOaD2”. Програмата „ReLOaD2” се реализира со финансиска поддршка на ЕУ,, а ја имплементира УНДП.

Воедно проектот е кофинансиран и од страна на Општина Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK