Во населбата „Пребег“ во тек се подготвителни градежни работи. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција на улицата Велјко Влаховиќ“ рече дека од денеска се подготвува оваа улица за асфалтирање, а ќе се работи и на уредување на тортоарските површини на влезот во населбата. Со нешто над три милиони денари општината работи на урбанизација и модернизација на населбата, а тоа го најави и за сите останати штипски населби.
-Повеќе од три милиони денари ќе се инвестираат во оваа населба која од годините наназад беше заборавена. Знам дека ќе има активности кои не може да бидат комплетно завршени, ама ќе се работи со цел и оваа населба да биде урбанизирана и модерна онака како што прилега во 21 век, вели Јорданов.
Наредниот месец се очекува и официјално да биде пуштено во употреба новото спортско игралиште во оваа населба.
-Претходното игралиште кое било направено во претходните 15 години било на приватно земјиште. Овде треба институциите да се позанимаваат како во минатото било дозволено детско игралиште на приватна парцела, и кој ќе ги сноси трошоците, додава Јорданов.
Улицата во штипски Пребег треба да бид завршена наредната недела, а ќе зависи и од временски услови како и уредувањето на тротоарските површини.