Во јануарските сметки ќе го нема надоместокот од 200 денари за пренос на струја, за да не се шири фама дека тоа е екстра профит, укажа Бислимоски

Струјата-од-први-јануари-ќе-поевтини-за-првиот-блок-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во декемвриските сметки за струја граѓаните веќе го имаат надоместокот од 200 денари за мрежарина но истиот надоместок ќе биде тргнат во месец јануари, информираше првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски.

Според Бислимоски, во јануарските сметки кои граѓаните ќе ги добијат во месец февруари ќе го нема тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого.

„Го правиме ова за да ги убедиме сите, дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Едноставно довербата која треба да се гради помеѓу потрошувачите од една страна и операторот на дистрибутивниот систем од друга страна, мора да ја зголемуваме и затоа потенцирам дека во јануарските сметки кои граѓаните ќе ги добиваат во месец февруари ќе го нема надоместокот од 200 денари“, рече тој.

Компанијата електродистрибуција како што кажа Бислимовски постапила според одлуката на РКЕ.

„Компанијата електордистрибуција постапила согласно одлуката на регулаторна бидејќи има период на отчитување во декември и има во јануари. Од 15 декември до 31 декември се едни цени и од 1 јануари до 15 јануари се други цени. Граѓаните треба да си го искористат намалувањето на првиот блок. Од тие причини, со електордистрибуција која што веќе ги испратила тие фактури кои пак не се направени спротивно на нашите одлуки но за да ја зголемиме довербата кај потрошувачите и да не се шират фами дека на некого се дозволува екстра профит, во јануарските сметки ќе го нема надоместокот за пристап кон мрежа од 200 денари“, дециден е Бислимоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK