Во Атина покрената глобалната иницијатива на Филип Морис Интернешнл – IQOS TOGETHER X

IQOS TOGETHER X
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во знак на поддршка на мисијата без тутунски чад, компанијата Филип Морис Интернешнл ја претстави IQOS Together X, платформа која го поздравува изборот на повеќе од 27 милиони полнолетни корисници, да преминат од цигари на помалку штетниот IQOS систем за загревање на тутунот.

„Преку платформата IQOS Together X, соработуваме со членовите на IQOS заедницата од целиот свет – заедница која опфаќа повеќе од 27 милиони полнолетни корисници, од кои некои повикавме да ни се придружат на глобалниот настан во Атина“, рече Стефано Волпети, претстадател на PMI за производи без чад и односи со потрошувачите. „Да се видат толку членови на оваа заедница на едно место во текот на овој единствен настан е прилика за нас да ја прославиме нивната улога во тоа цигарите да заминат во историјата и да ги охрабриме да се залагаат и останатите полнолетни пушачи да направат подобар избор од продолжување на пушењето“.


IQOS TOGETHER X ја нагласува моќта на избор и им нуди на потрошувачите искуство креирано според нивен избор. Во рамките на оваа иницијатува, која се развиваше на пазарите ширум светот во последните шест месеци, собрани се повратни информации за потрошувачите, врз основа на кои е организиран глобалниот настан во Атина.

Оваа платформа е дизајнирана за да се поврзе растечката заедница на полнолетни корисници, кои со својот избор да ги остават цигарите го забрзуваат патот кон иднината без чад.

IQOS TOGETHER X настанот се одржува во Елиникон паркот во Атина, собирајќи илјадници членови на IQOS заедницата од 19 земји ширум светот, помеѓу останатите и од Македонија, Србија, Италија, Германија, Чешка, Швајцарија, Грција, Кипар, Филипини и др. Трансформацијата на компанијата Филип Морис Интернешнел и нејзините напори цигарите што е можно поскоро да исчезнат – добро се совпаѓа со трансформацијата на Елиникон Парк, бидејќи и двете користат иновативни начини за решавање на проблемите од реалниот свет.

Иновативниот уред IQOS повеќе од три години е присутен и на македонскиот пазар, а може да се најде на повеќе продажни локации во Скопје и во повеќе други градови во државата, а производот е достапен и онлајн.

Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој што содржи во просек 95% пониски нивоа на штетни состојки во споредба со цигарите. Со загревањето се елиминираат чадот, катранот и пепелта кои настануваат при процесот на согорување. Сепак, важно е да се напомене дека IQOS не претставува производ без ризик, а како помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, е наменет за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат.

IQOS е достапен за продажба на 80 пазари ширум светот, а претставува резултат на работата и посветеноста на над 1500 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнал, како и на инвестицијата од околу 10,5 милијарди долари.

Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK