„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Салцбург

„Визер-најавува-нова-рута-од-Скопје-до-Салцбург.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Летовите за австрискиот град ќе започнат од 1 април 2024 година, цени од 1239 денари



Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека ќе започне нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да започне во април 2024 година, преку целата година ќе се изведува три пати неделно во понеделник, среда и петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на „Визер“.

„Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Wizz Air останува посветен да им нуди на своите патници извонредни рути и можности за патување со ниски цени за да ги истражуваат атрактивните дестинации во Европа и пошироко”,  изјави Тамара Никифорова, менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.

Салцбург е прекрасен град, сместен на австриските Алпи во близина на австриско-германската граница, познат по своите прекрасни пејзажи, историја и култура. Со мешавина од шарм на стариот свет и модерни вибрации, тој е идеална дестинација за пешачење, скијање или едноставно разгледување на прекрасните планински предели.

 

Патниците се охрабруваат да ги резервираат своите билети рано за да ги искористат предностите на ниските цени за да го направат нивното патување до Салцбург уште попријатно.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK