(Видео) Пендаровски: Потребен е модел за амортизирање на пазарните шокови и спречување на одливот на квалификувана работна сила

Видео-Пендаровски-Потребен-е-модел-за-амортизирање-на-пазарните-шокови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Како мала, отворена и увозно зависна економија, земјата диспропорционално ги чувствува ефектите од глобалните потреси и затоа е важно да биде пронајден модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојано променливи економски околности, порача претседателот Пендаровски на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржува во Скопје.

За да се спречи одливот на квалификувана работна сила, според претседателот Пендаровски, неопходно е да се обидеме да ги направиме нашите економски системи податливи и за развој на економската слобода и за еднаквоста на можностите и посочи дека се неопходни реформи во виталните сегменти клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, димензионирање на образованието според барањата на пазарот на трудот и креирање на квалитетни работни места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK