(Видео) Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту зголемување на придонесите, Мицкоски вели пензискиот систем е стабилен


Penzioneri-696x442.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензискиот систем ниту е пред колапс, како што предупредува опозицијата, ниту пак ќе се зголемува старосната граница за пензионирање или придонесот за пензиско осигурување. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека пензискиот систем е стабилен и покрај повиците од директорот на Фондот за пензиско осигурување дека мора да се најде начин да пораснат придонесите за пензиите.


„Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во идно време. Не треба апсолутно никој да се грижи. Директорот на пензискиот фонд претпоставувам има свој став. Ние не треба секогаш да се сложуваме со ставовите на луѓето коишто се дел од Владата, но Владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и не треба да се грижат пензионерите. Впрочем, оваа Влада ги зголеми пензиите просечно како ниту една друга влада во историјата на независна Македонија.   Доколку понатаму во иднина имаме било какви политики, јавноста ќе биде ќе биде информирана“, вели премиерот Мицкоски.

Неговиот став е дека парите се тука, но треба да се распоредат и посочи дека милијарда и пол денари биле трошени за минимална гарантирана помош или за социјална сигурност на лица кои не ги исполнуваат условите. Со повеќе такви реформи премиерот смета дека може да се стабилизираат институциите.

Забелешките дека линеарното покачување на пензиите дополнително го оптовариле дефицитот во Фондот за пензиско осигурување, на што посочи и Фискалниот совет, Мицкоски вели дека е чекор што свесно го презеле.

„Ние сме процениле дека политиката којашто значеше зголемување на пензиите линеарно, од една страна значеше да, дополнителен товар на буџетот, но од друга страна значеше намалување на стапката на сиромаштија во државата — нешто што претставуваше рекорд во регионот, но сега веќе не е така и ние се движиме некаде на средината“, рече премиерот Мицкоски.

Целта на Владата во моментот, како мерка која ќе влијае и на економскиот раст и на пензискиот систем, е да се најдат нови 90.000 вработувања. Во моментот на пазарот на труд има 709.000 регистрирани вработени, бројка под која премиерот Мицкоски смета дека не смееме да дозволиме се симнеме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK