(Видео) Дрвошанов: Со конкретни мерки, обезбедедно е стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем


drvoshanov.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави Жан Дрвошанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.


„Македонија помина низ една од најтешките енергетски кризи во Европа, но граѓаните во ниту еден момент не останаа без гориво и не се соочија со ценовен шок. Тоа е резултат на навремени одлуки, добра координација и конкретни мерки кои обезбедија стабилно функционирање на целиот енергетски систем. Воспоставени беа ефикасни механизми за управување со кризни состојби, обезбедени беа стабилен увоз на горива и доволни домашни резерви на енергенси, со што снабдувањето на пазарот се одвиваше непречено во текот на целиот кризен период“, рече тој.

Особено значајно е што, додаде Дрвошанов, по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект со исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата.

„Во тек е изградбата на гасната интерконекција со Грција, а активно се работи и на реализација на интерконекцијата со Србија. Со овие проекти Македонија добива нови алтернативни правци за снабдување со природен гас, што значи поголема енергетска независност, поголема конкуренција и поголема сигурност. Во насока на усогласување со европските стандарди, донесена е нова Уредба за квалитет на течните горива, целосно усогласена со законодавството на Европската Унија. Изработена е Национална проценка на ризик во снабдувањето со гас, а во завршна фаза се Превентивниот план и Планот за кризни состојби во гасниот сектор, зајакнати се и механизмите за стратешки резерви и сигурност во снабдувањето со нафтени деривати“, рече Дрвошанов.

Додаде дека паралелно со обезбедувањето сигурно снабдување со енергенси, Владата работела и на модернизација на пазарот на електричната енергија.

„Од јануари годинава аукциите за прекугранични преносни капацитети со Србија и Бугарија успешно се реализираат преку европската платформа ЈАО. Националниот оператор на пазарот на електрична енергија, МЕМО, во мај годинава го пушти во употреба Интрадеј пазарот, кој овозможува купување и продажба на електрична енергија во реално време и создава транспарентни ценовни сигнали за компаниите. Ова претставува клучен предуслов за целосна интеграција на македонскиот пазар со европскиот пазар на електрична енергија, а паралелно активно се работи и на усогласување со Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската Унија (ACER), преку интеграција во системот SDAC“, рече тој.

Дрвошанов се осврна и на заштитата на ранливите категории граѓани.

„Донесена е првата Методологија за мерење на енергетската сиромаштија во државата, со што за првпат се воспоставува системски пристап во креирањето политики за поддршка. Доделени се повеќе од 4.000 ваучери за набавка на инвертер клима-уреди за ранливите домаќинства, а обезбедени се и 148,8 милиони денари директна финансиска поддршка за ранливите потрошувачи“, рече тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK