Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата за производство на сладолед „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, по посетата на компанијата се предвидени изјави за медиумите.