Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Усвоена-Интервентната-програма-за-поддршка-во-земјоделството-за-2024-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја усвои Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година.

Станува збор за отворена програма преку која може да се креираат мерки за поддршка на секој еден земјоделец, секогаш кога ќе се јави потреба од тоа.

Во Интервентната програма, во моментов, креирани се две мерки за поддршка на земјоделците

Финансиска поддршка за сончоглед предаден во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач, каде земјоделските стопанства ќе се поддржат со 5 денари по предаден сончоглед кај регистрирани откупувачи.

Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино, каде поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено винско грозје како и произведено од сопствен насад од реколта 2023 година со максимален износ по корисиник за оваа подмерка е 6.000.000 денари.

Дополнително во текот на годината ќе се креираат мерки за финансиска поддршка во сточарското производство и тоа во оној дел каде што ќе биде потребна интервенција за да се намалат загубите од работењето на земјоделските стопанства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK