„Tесла“ повлекува повеќе од два милиони возила поради неисправен систем за предупредување

„Tесла-повлекува-повеќе-од-два-милиони-возила-поради-неисправен-систем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата „Тесла“ повлекува повеќе од два милиони возила за да го поправи неисправниот систем за предупредување на возачите кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото (автопилот).


Оваа информација денеска ја објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, која додаде дека „Tesla“ ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем, пренесува АП.

По двегодишна истрага, американскиот регулатор откри дека системот на „Tesla“ кој ги предупредува возачите да внимаваат кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото е несоодветен и може да се злоупотреби.

Повлекувањето ги опфаќа речиси сите возила што „Tesla“ ги продаде во САД откако ја активираше функцијата автопилот на крајот на 2015 година и се однесува на сите модели на овој производител, пренесува Танјуг.

Со години поборниците за безбедност во сообраќајот бараат построго регулирање на системот за следење на возачите во автомобилите, кој главно проверува дали рацете на возачот се на воланот.

Возилото во режим на автоматски пилот може автоматски да управува, да забрзува и да сопира во својата лента, но системот е дизајниран да му помага на возачот и не може самостојно да управува со возилото.

Независните тестови открија дека системот за надзор е лесен за измама.

Возачите на „Tesla“ во режим на автопилот се фатени како возат пијани или седат на задното седиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK