Т Бизнис конференција – за нови дигитални перспективи

1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонски Телеком организираше еднодневна бизнис конференција, за повеќе од 300 посетители, со цел да мотивира помасовно користење на дигиталните решенија, но и да презентира иновации за иднината.

Сајбер безбедноста, клаудификацијата на бизнисите, хибридните дата центри и решенијата за паметен град беа во фокусот на конференцијата. Експерти од Македонски Телеком и од Дојче Телеком ја споделија својата експертиза и отворија дискусија на овие теми.


„Дигиталната трансформација е процес од кој зависи нашата иднина. Веруваме дека дигиталните решенија се одговор на предизвиците на модерното време и тука сме да го помогнеме дигиталниот раст на бизнисите, институциите и целото општество“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Дел од решенијата коишто беа презентирани, како што се хибриден дата центар, безбедносен оперативен центар, решенија за паметен град и дигитална канцеларија се дел од портфолиото на Македонски Телеком и го поттикнуваат развојот на бизнисите и институциите.

Освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, коешто е креирано и произведено од Македонски Телеком. Се најави и развој на иновативно решение за телемедицина, коешто ќе направи целосен пресврт во медицината во наредните години.

 

Повеќе на следниот линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK