„Светот ти светка!“ со новата наградна игра на Халкбанк

СВЕТОТ ТИ СВЕТКА!“ е новата голема наградна игра на Халкбанк АД Скопје и Mastercard, која на сите полнолетни физички лица кои се клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на ваучер за патување во износ од 1000 евра.

Наградната игра започна на 25.12.2023, а истата е предвидено да трае сѐ до 25 февруари, по што ќе бидат извлечени 15 добитници на атрактивната награда. Вкупниот награден фонд за Наградната игра изнесува 930.000 денари.

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless), и кои имаат направена валидна трансакција користејќи ги картичките на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали, трансакции со мобилната апликација и трансакции направени со Garmin Pay достапен за Garmin часовник, а кои на денот на завршувањето на наградната игра немаат повеќе од 90 дена достасани неподмирени обврски кон Халкбанк АД Скопје.

Услови за учество во наградната игра:

  • Една шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard дебитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали.

  • Двојна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard кредитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали.
  • Tројна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции преку HalkPay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка.

Правилата за наградната игра може да ги погледнете на следниот линк, додека за учество на наградната игра потребно е да се пријавите на следниот линк.

Светот те повикува, искористи ја шансата за учество и биди потенцијален добитник на ваучер за патување!