„123,8 милијарди државата издвојува за пензија, 57,2 милијарди ние издвојуваме за плати на администрација, 14,3 милијарди издвојуваме за социјална помош, тоа се вкупно 319,9 милијарди, дополнително на ова, ако ги ставиме проектираните инвестиции од 40,8 милијарди, за коишто сите се согласуваме овдека во Собранието помеѓу власта и опозицијата, во делот на инвестирањето нема разлики, ако ги земеме во предвид овие работи, доаѓаме до 360 милијарди. На ова сето, во тие 360 милијарди мора да се стави уште една ставка за којашто многу се зборуваше, а тоа е 124,6 милијарди отплата на долг, 360 милијарди денари на државата одат на отплата на долг, пензии, плати, социјални трансфери, инвестиции“, рече Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.
Станковиќ истакна дека најголем дел од тековните буџетски расходи се однесуваат на редовно сервисирање на обврските на државата, како исплата на камати по основ на задолжувањата, набавка на стоки и услуги, субвенции за земјоделците, трансфери кон општините и блок-дотации.
„Само 78 милијарди од 440 милијарди. Е сеа граѓаните да знаат каде одат тие 78 милијарди. Тие 78 милијарди одат на камати, бидејќи сме се задолжиле, а каматите ние редовно ги плаќаме. Стоки и услуги. Што влегува во ова? Стоки и услуги за којашто опозицијата не напаѓа. Тоа ви се тековните трошоци. Тековните трошоци влегуваат во стоки и услуги. Понатака субвенции и трансфери. Таму ви влегуваат субвенциите за земјоделците, во тие 78 милијарди таму ви се субвенции, тековни трансфери по разноразни општини, блок дотациите према општините“, посочи Станковиќ.