Во рамките на 13-тото светско собрание на трговски комори, а по повод 75 годишнината од донесувањето на универзалната декларација за човекови права, претседателот на ССК Трајан Ангелоски, со потпретседателите Горан Ѓорѓиевски и Сашо Дукоски учествуваа на дискусија со тема „Бизнис и човекови права“ што се одржа во седиштето на организацијата на Обединети нации во Женева.
Организатори на оваа дискусија беа Женевската комора за трговија, индустрија и услуги (CCIG) и Дипломатскиот клуб на Женева, а почесен гостин беше Волкер Турк, Висок комесар за човекови права. Покрај високиот комесар, говорници беа и Мариа Фернанда Гарза, претседател на Меѓународната стопанска комора ICC, Дороти Бауман Паули, директор на центарот за бизнис и човекови права и Лин Гејл, извршен потпретседател на Нестле.
Оваа дискусија имаше за цел да го истакне значењето на бизнисот во спроведувањето и заштитата на човековите права. Водени од вредностите на универзалната декларација за човекови права, оваа расправа ќе обезбеди платформа за размислување и разговор помеѓу бизнис секторот, експерти по човекови права и владини претставници.
Бизнисот има значајна улога во нашето општество и може да биде силен партнер во почитувањето и одбраната на правата на луѓето. Преку оваа расправа, ќе се истакне значењето на корпоративната одговорност и доведувањето на позитивни промени во заедниците каде што бизнисот функционира.
Секоја заедница има право на социјално-економски развој, почитување на правата на трудот и заштита на животната средина. Имајќи го тоа во предвид, дискусијата “Бизнис и човекови права” обрна внимание на начините на кои бизнисот може да биде интегрален дел од остварувањето на овие цели.
Во рамките на овој настан претседателот Ангелоски оствари и кратка средба со поранешната претседателка на Швајцарија, Рут Драјфус.
Сојуз на стопански комори на Македонија