Со свечен коктел Ananas го одбележа лансирањето во Македонија

Ananas_Launch_EventOct_1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 20 октомври 2023 година – Со свечен коктел настан во Скопје, Ananas официјално го  одбележа почетокот на работа во Македонија.

Отворањето на Аnanas во Македонија претставува најголемиот онлајн проект кој е поддржан од Делта Холдинг, со цел да се обезбеди супериорно онлајн шопинг искуство за корисниците од целиот регион. Како што беше најавено, Аnanas.rs, лидерот во областа на е-трговија на српскиот пазар, ја започна својата регионална експанзија, а првиот чекор кон таа цел е лансирањето на Аnanas.mk. На настанот присуствуваа Мирослав Мишковиќ, претседател на Делта Холдинг, и потпретседателите на групацијата, како и локалните соработници и партнери на Аnanas.mk.


Свеченоста ја отвори Нина Ангеловска, директор за меѓународен развој во Аnanas. По тој повод, таа истакна дека Ananas.mk ќе продолжи да поставува стандарди во областа на е-трговијата и да им овозможува најдобро искуство на купувачите и партнерите, а истовремено изрази благодарност до сите партнери кои се приклучија од самиот почеток на работењето на македонскиот пазар и кои го увидоа потенцијалот на Ananas за раст на бизнисот и продажбите.

„Ако некој може да го смени онлјан купувањето, односно да го донесе до ниво како што го знаеме само во развиените земји цврсто верувам дека тоа е Ананас. Верувам дека ќе направиме револуција во е-трговијата во регионот, а посебно задоволство ми е што токму првата земја од планот за експанзија е Македонија. Верба секако не е доволна ако не е проследена со јасна визија и планови и поддржана со ресурси и луѓе – а тоа го имаме.“ – истакна Ангеловска.

На присутните им се обрати и Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk, кој истакна дека напорната работа и посветеност на тимот овозможија успешно лансирање на платформата. Ампов изрази уверување дека Ananas.mk ќе стане клучен играч во областа на онлајн трговијата и ќе придонесе за раст и развој на дигиталната економија, вработувањето и економијата во земјата.

„Постоиме само три месеци и веќе имаме 100.000 производи на платформата и повеќе од 160 партнери веќе продаваат преку Ananas.mk. Посетите од ден на ден се зголемуваат, а ‘Kлик! Бум! Трас!’ – веќе сите го знаат. Сè околу нас е Ananas, или ќе биде – тоа е нашата визија! Убеден сум дека со поддршката од колегите од Србија и нивното досегашно искуство и научени лекции кои ќе ги примениме тука, ќе успееме да имаме и побрз прогрес и раст на македонскиот пазар. “ – истакна Ампов. Лансирањето на Ananas.mk претставува почеток на нова ера во е-трговијата во Македонија и ја потврдува посветеноста на компанијата за создавање успешни деловни можности за партнерите и корисниците. Аnanas ќе продолжи да го шири своето присуство и да придонесува за растот на локалната економија, нудејќи производи и услуги со висок квалитет преку својата платформа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK