Со професионално надоградување до кариерно унапредување: Ново издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“

Foto_od pocetnik do uspesen frilenser so Creative Hub
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ ќе го одржи своето ново издание на 15 февруари 2024 година (четврток), во просториите на Стартап Клуб Скопје (кај “Среќа Бар”) со почеток од 18:00 часот (линк за пријавување за присуство).

Организатори на настанот се Импакт Фондација, кои за одржувањето на ова издание се здружија со едукативниот центар Creative Hub Македонија. На настанот ќе говорат тројца говорници поврзани со оваа партнерска организација, кои што пред присутните ќе ја презентираат нивната понуда на едукативни академии и притоа ќе споделат важни совети и вредни информации за успешен развој на вашата фриленс кариера.


Говорници на настанот ќе бидат:

Аријана Коскарова ­ ко-основач на Creative Hub Македонија, Приштина и Мајами, добитничка на наградата „Forbes under 30“ во 2019 година, ментор на Академијата за човечки ресурси и ментор на Академијата за жени лидери.

Давор Дабески – HR професионалец и предавач на Академијата за човечки ресурси по предметите „Тренинг и развој на вработени“ и „Фриленс регрутација“. Има повеќе од 5 години работно искуство како фриленсер на повеќе странски платформи во областа на регрутацијата.

Деана Савески – Head of HR и студент на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub Македонија. Нејзиното професионално искуство е во полето на финансиите, а професијата на човечки ресурси ја избрала поради тоа што сака комуникација со луѓе и сака да го помага нивниот професионален развој. Во моментот работи во Wayland Скопје.

„Продолжуваме со уште едно издание на овој настан кој на гостите ќе им понуди вредни совети за професионално надоградување и за натамошно унапредување на својата фриленс кариера, и тоа од успешни луѓе кои имаат соодветно знаење и искуство на оваа тема. За тоа сведочат добиените награди, но и бројните студенти кои учествувале во нивните едукативни академии“ – посочува Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт Фондација.

Овој настан се реализира во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024 година.

На настанот се поканети да присуствуваат сите активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера, но и оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води. Присуството е бесплатно, но поради логистички причини потребна е претходна регистрација која може да се изврши на следниот ЛИНК.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK