Секој одговорен жител на земјава знае дека не смее да го остава отпадот насекаде ако сака да живее во чиста и здрава животна средина, а ова е особено важно за амбалажниот отпад кој може да се рециклира. Во последните години, граѓаните освен во контејнерите за пластика, хартија и стакло, може да го одложуваат отпадот и во Повратните машини на Пакомак и за тоа да бидат соодветно наградени.
Одложувањето на отпадот преку Повратните вендинг машини на Пакомак не само што го олесни процесот, туку им даде на корисниците и можност да бидат наградени за нивната еколошка свесност преку добивање на „зелени поени“ за секоја направена трансакција. А за дополнително да им олесни на граѓаните, Пакомак ја маркираше секоја поставена ПВМ досега и ја обележа во посебна мапа која може да се најде на нивната веб страна.
Мапата можете да ја погледнете на следниот линк:
https://pakomak.mk/Pages/Index/povratni_vending_masini?selectPage=mapa_na_vending_masini
Веднаш под самата мапа можете да погледнете и табела во која се наведени сите локациите на Повратните вендинг машини, со точна адреса од општината во која се наоѓаат. На тој начин, дури и да не можете да се ориентирате според мапата можете да ја лоцирате најблиската машина едноставно следејќи ја адресата на која е заведена истата.
Откако Пакомак заедно со Швајцарската амбасада во Република С. Македонија започнаа да ги поставуваат Повратните вендинг машини во општините ширум земјата, може да се забележи огромен пораст не само во интересот за селективно одложување на отпадот, туку и на еколошката свест на граѓаните. Апликацијата ЕкоМак секојдневно бележи нови корисници и нови профили, кои се осигуруваат дека нивниот отпад завршува на вистинското место, а за тоа добиваат наградни „зелени поени“ кои можат да ги искористат на начин кој им одговара. Неколку од Општините дури решија и да ги субвенционираат „зелените поени“ за да им обезбедат уште поголема вредност на нивните граѓани, што дополнително ги мотивира граѓаните да се приклучат на оваа позитивна еко-иницијатива.
Досега правилата беа многу едноставни: хартијата се одложува во сините контејнери, пластика и лименки во жолтите, а стаклото во оние посебни игло-контејнери со зелена боја, кои најчесто можат да се најдат на тротоарите и покрај улиците. А сега, одложувањето носи и инстантни придобивки за одговорните граѓани. Повратните вендинг машини претставуваат најсовремениот начин за одложување на амбалажниот отпад и се значаен чекор напред во модернизирање и проширување на отпадната инфраструктура во земјата.